Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема да има каменолом во близина на Страчинце, вели Меџити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нема да има каменолом во близина на Страчинце, вели Меџити
ЕКОНОМИЈА

Нема да има каменолом во близина на Страчинце, вели Меџити

Објавено September 24, 2025 17:43
Сподели
Сподели

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вели дека во ресорот со кој раководи била донесена негативна одлука за барањето за отворање каменолом во регионот на Страчинце.

Информацијата Меџити синоќа ја сподели и со жителите на ова населено место, кои протестираат против започнувањето со работа на каменоломот во нивната близина.

„Долго време ги следам нивните загрижености и внимателно ги разгледавме сите извештаи и анализи на надлежните институции. Тие јасно покажаа дека активноста со каменоломот ќе донесе сериозни последици, како што се ризикот од поплави и сериозни штети по здравјето и егзистенцијата на жителите. Поради оваа причина, мојата одлука е цврста: каменоломот нема да се отвори“,пишува Меџити во објава на својата фејсбук-страница.

Оваа одлука, како што изјави Меџити, е долгоочекувана вест за жителите на Страчинце, кои со години се загрижени за можните последици од каменоломот врз животната средина и нивните животи.

Според Меџити, дозволата за работа била издадена пред неколку години од претходните влади.

Следниот чекор, според него, е конечно поништување на концесијата, што е предвидено да се разгледа на наредната седница на Владата.

„Оваа одлука официјално ќе го затвори оваа прашање и ќе ја врати правдата на страната на жителите“,вели Меџити и додава дека ќе има и повторно пошумување на овој регион.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Велјановски: Секогаш кога ДУИ губи, тие прибегнуваат кон потпалување на меѓуетничките односи и загрозување на соживотот
Следна Статија Сиљановска-Давкова на самитот „Конкордија“: Крајно време е да се направат промени во ЕУ за начинот на одлучување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Проф. Петрески: Владата треба да направи стратегија за прилагодување кон американските царини

Економистот и универзитетски професор Марјан Петрески во гостување на ТВ „24“ рече дека е потребно Владата да разговара со претставници…

April 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Магна“ со нова фабрика во Штип

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова странска инвестиција во Штип. Како што изјави денеска, оваа недела ќе почне со работа производниот…

March 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Велковски: Цените на становите не се реални, треба да се движат до 2.000 евра за метар квадратен!

Никола Велковски од здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија вчера во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека цените…

February 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ одлучи да ги одржува летовите помеѓу Франкфурт и Скопје во текот на целата зимска сезона, иако со…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?