Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема лекарска грешка во случајот со смртта на тригодишното дете од Кавадарци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нема лекарска грешка во случајот со смртта на тригодишното дете од Кавадарци
МАКЕДОНИЈА

Нема лекарска грешка во случајот со смртта на тригодишното дете од Кавадарци

Објавено June 20, 2025 17:41
Сподели
Сподели

Тројцата педијатри кои по налог на заменик Министерот за здравство Јовица Андовски, утврдуваа дали има лекарска негрижа во случајот со тригодишното дете од Кавадарци кое почина на пат до Скопје, не увиделе грешка, потврдуваат за Канал 5 од Министерството за здравство. Оттаму кусо и без детали за случувањата, одговорија дека по направениот стручен надзор комисијата констатирала дека сите постапки биле навремено и уредно извршени.

Во меѓувреме, реагираат родителите на детето кое пред две недели ѝ починало на раце на мајката во приватно возило, бидејќи, како што тврдат, докторката ниту наложила хоспитализација во Кавадарци, ниту им овозможила возило на Итна помош.

Срамота и греота е да се тврди дека нема лекарска грешка, бидејќи ако детето ни било добро како што ни гарантираше докторката што не му даде ни инфузија, тогаш зошто моето синче почина, вели Тони Стојанов, татко на тригодишниот Блажо.

-Докторката е виновна, нашето дете е задушено по пат, кога е тргнато во 6 ипол часот пред наплатната рампа, детето ја испуштила душичката. Голема срамота и брука е, затоа ги замолувам јавните обвинители и судии добро да размислат. Нема да седам мирен, јас правдата ако треба ќе барам и настрана од државата. Виновникот сакам да биде казнет, со одземање на лиценцата и казна затвор за неа. Ова е убиство. Кај нас важи секогаш правилото, тој што е починат да е виновен, живиот никогаш не е виновен. Чиста лага е. Ни кажа дека на детето не му е ништо, ни го даде упатот само и ни кажа нема што вие да барате во Скопје кога детето ви е добро. Ако детето ни беше добро, зошто сега е починато? –Тони Стојанов родител.

Во меѓувреме, обдукцијата наложена од јавен обвинител, и по повеќе од две недели не е завршена. Од Судска медицина за Канал 5 потврдија дека сè уште работат на анализите кои вклучуваат и токсиколошки иследувања.

Извор: Канал 5

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Политико: Дали Бугарија вештачки ја намалила инфлацијата за да влезе во еврозоната?
Следна Статија Конечната пресуда за двојното убиство на Вања и Панче на 25 јуни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дали Љупчо Коцевски свесно ја компромитирал акцијата на МВР за кочански „Пулс“?

Дали Љупчо Коцевски вчера, во настап на ТВ Телма, свесно ја компромитираше најновата акција на МВР во Кочани, поврзана со…

April 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од 12 објекти со лиценца утврдено е дека три од нив не исполнуваат услови

На денешната прес-конференција за медиуми се обрати портпаролот на Владата на Република Македонија Марија Митева, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Да живее Македонија! – Орбан му се заблагодари на Мицкоски за заштитата на европската граница од миграцијата (ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го поздрави премиерот Мицкоски и неговото лидерство во заштита на европската граница од илегалните мигранти. Орбан…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митева: Кочани беше тешка лекција и аларм за државата која предолго беше во длабок сон

На телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ вечерва гостуваше Марија Митева член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата…

March 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?