Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не оставајте пешкири или лежалка на грчките плажи оти има ненајавени акции за отстранување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Не оставајте пешкири или лежалка на грчките плажи оти има ненајавени акции за отстранување
БАЛКАН

Не оставајте пешкири или лежалка на грчките плажи оти има ненајавени акции за отстранување

Објавено July 30, 2025 17:12
Сподели
Сподели

Општина Касандра, на првиот крак на Халкидики вчера и денеска продолжи со вонредните и ненајавени акции за отстранување на нелегално поставените чадори, столици, лежалки, пешкири и слична опрема на плажите, јави дописничката на МИА од Атина.

Од општината информираа дека денешната обемна акција била спроведена во присуство на грчката полиција на подрачјето од Криопиги – Касандра Палас до Полихроно, во рамките на Полихроно и кон Ханиоти, а по контролите спроведени во текот на вечерта, откако биле поднесени соодветни пријави.

При акцијата биле откриени бетонски чадори и други фиксни конструкции, кои биле отстранети.

За време на операцијата, беа отстранети над 2 тони инертни материјали, кои беа префрлени во сертифицирани капацитети за рециклирање, соопштија од општина Касандра.

Отстранување на незаконски поставената опрема на плажите имаше и во текот на вчерашниот ден во Посиди и на плажата Агиопелагитика, каде што, како што информираа од општината, било забележано значително намалување на појавата и регистрирани минимални прекршувања.

Според нив, ова се должи на акциите, но и на информирањето на граѓаните преку соопштенија и преку социјалните мрежи.

Минатата седмица, како што објави МИА, од општина Касандра преку соопштение и преку објава на социјалните мрежи на три јазици: англиски, германски и српски, најавија интензивирање на контролите за отстранување на предмети што нелегално го зафаќаат јавниот и слободен простор на плажите, по што следеше и операција на плажите во Полихроно и Калитеа, од каде што беа отстранети незаконски поставените чадори за сонце, лежалки, пешкири и други слични предмети.

Конфискуваните предмети не им се враќаат на сопствениците и се носат во единицата за рециклирање.

Вакви контроли со цел да се заштитат плажите и животната средина и да се обезбеди слободен пристап за сите имаше и во изминатите години, а се очекува да продолжат и во иднина, без претходна најава или предупредување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тешка несреќа на автопат во Словенија, најмалку петмина мртви
Следна Статија Чешкиот „ Блек хок“ го стави под контрола пожарот на Готен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

За кардиологот на Вучиќ не е реално тој да се врати на редовните активности во следните дена

Началникот на управата за воено здравство, кардиологот Драган Динчиќ изјави дека здравствената состојба на српскиот претседател Александар Вучиќ моментално е…

May 3, 2025
БАЛКАН

Поскапува летувањето во Грција

Одморот во Грција оваа година станува поскап по стапувањето на сила на новиот закон за изнајмување недвижности, кој започна да…

February 7, 2026
БАЛКАН

Цеца си обезбеди место во бугарската историја

Калојан Методиев, политолог и поранешен пратеник во Народното собрание на Бугарија, смета дека Светлана Ражнатовиќ си обезбедила место во бугарската…

November 5, 2025
БАЛКАН

Уапсен Срѓан Ного, српскиот политичар кој објавуваше видеа за Вања

Обвинителството по рочиштето му предложи на судијата на претходна постапка да му одреди мерка притвор на осомничениот за да се…

March 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?