Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Бугарија, каде потпиша за Левски Софија.
Стоперот кој денес полни 26 години беше дел од Фехервар од Унгарија, но си заминува откако клубот испадна во понизок ранг. Серафимов ги мина лекарските прегледи во Левски и се очекува наскоро да биде промовиран како нов играч на тимот од бугарскиот шампионат.
Серафимов беше дел од Фехервар од 2022 година каде дојде од ЗТЕ исто така од Унгарија, а претходно беше дел од Академија Пандев, Јихлава од Чешка, Вардар, Пелистер и Брегалница.
За репрезентацијата на Македонија, Серафимов има 22 настапи и еден гол.