Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николов: Салонот во македонската амбасада во Париз ќе го носи името „ Охрид- др. Анастас Коцарев“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николов: Салонот во македонската амбасада во Париз ќе го носи името „ Охрид- др. Анастас Коцарев“
МАКЕДОНИЈА

Николов: Салонот во македонската амбасада во Париз ќе го носи името „ Охрид- др. Анастас Коцарев“

Објавено March 29, 2026 16:37
Сподели
Сподели

Про. Игор Николов, амбасадор на Македонија во Франција донесе одлука салонот со резбана маса во амбасадата во Париз да биде именувана по Атанас Коцарев од охридската копаничарска школа. Салонот сега ќе го носи името „ Охрид- др. Анастас Коцарев“.

Зад себе оставил богато научно наследство, но малку записи за личниот живот – можеби затоа што целиот се посветил на науката и на човештвото. Денес, благодарение на неговите потомци, истражувачи и ентузијасти, неговото име повторно се враќа во јавноста. Се објавуваат трудови, се снимаат документарни филмови, се организираат настани – сè со цел да не дозволиме овој голем ум повторно да биде заборавен. Заради тоа, како македонски Амбасадор во Париз, одлучив салонот со резбана маса изработена од охридската копаничаркса школа, а донесени во Амбасадата во Париз при нејзиното обновување, денес да ја именуваме, по името на д-р Анастас Коцарев и неговиот роден град. Така драги пријатели, ве поканувам да го посетите Салонот на македонската Амбасада со име Охрид- др. Анастас Коцарев.

 

Нашата обврска како држава, како народ и како научна заедница е да го чуваме и негуваме неговото дело. Да ги инспирираме идните генерации да чекорат по патот на знаењето, истражувањето и посветеноста. Нека делото на д-р Анастас Коцарев биде потсетник дека и од мал народ можат да произлезат големи умови. Нека биде симбол на тоа дека науката нема граници, но корените секогаш остануваат длабоко вградени во татковината. Дозволете ми да завршам со една мисла: вистинските научници не припаѓаат само на своето време – тие му припаѓаат на човештвото. Д-р Анастас Коцарев е токму таков научник. Вечна му слава и благодарност, додаде амбасадорот Николов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Преку 30 отсто е реализацијата на капиталните инвестиции во првиот квартал
Следна Статија 43-годишна жена пронајдена почината во Кисела Вода

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Петар Богојески стана директор, ќе управува со парите од „Еразмус“

Петар Богојески за прв пат доби државна функција откако со неговиот „Македонски концепт“ стана коалиционен партнер во власта. Лидерот на…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дурмиши: Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд

Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд и нема да има никакви пречки за исплата во…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Од нула локомотиви, за шест месеци успеавме да вратиме 14 локомотиви и возови на македонските пруги

За само шест месеци успеавме да оспособиме 8 активни локомотиви за карго превоз и 6 патнички возови. Претходно имаше нула…

February 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Денот на aлбанската азбука е историски важен датум за Албанците, но и за македонската држава

Унифицирањето на албанската азбука не е само акт на јазична реформа, туку и симбол на стремежот за еманципација и просветување,…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?