Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде „златната кокошка“ за Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде „златната кокошка“ за Македонија
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде „златната кокошка“ за Македонија

Објавено May 6, 2025 11:39
Сподели
Сподели

Изградбата на брза пруга на коридор 10 несомнено ќе биде „златната кокошка“ на Макeдонија бидејќи ќе носи многу профит, изјави во утринското интервју за Радио Лидер, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој најавува изградба на брза пруга која во патничкиот сообраќај ќе се движи од 160 до 200 км на час, а во карго превозот со максималана брзина до 120 км на час. Тоа според вицепремиерот е условот за економски развој на земјата.

Сакам да имаме пруга која во карго делот со 120 км на час ќе бидеме конкурентни на најдобрите пруги во Европа, што значи дека државата ќе се поминува за нешто час и половина што многу ќе значи за развојот на трговијата и очекувам тоа да е златната кокошка на Македонија. Многу профит ќе ни носи ако ја изградиме железницата на коридор 10. Се работи за економски највиталниот коридор во цела Европа, односно може да носи најмногу пари. Еве еден податок. По автопатот кој оди од северната до јужната граница, годишно поминуваат над 10 милиони патници. Ако секој од нив барем едно кафе купи значи 10 милиони остануваат во државата, а инаку приливот од патарини само од коридор 10 е некаде 58 милиони евра годишно. Замислете да почне железницата да оперира како што треба и да се отворат двете грчки пристаништа Пиреа и Солун а ќе се отворат, затоа што тоа е стратегиски проект, мој личен проект и мој сон за што зборував и во опозиција и една од главните причини зошто сум во овој ресор. И за многу брзо ќе слушнете убави вести- истакна вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Синдикат на полиција: Зошто ОЈОГОКК молчи за кривично дело над 25 милиони евра сторено од поранешниот министер Спасовски?
Следна Статија Tриесет и четири години од загинувањето на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонците најмногу трошат на храна, пијалаци и тутун

Прометот во малопродажбата во Македонија бележи сериозен раст – особено кај трговијата со храна, пијалаци и тутун, објави Државниот завод…

August 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Стандард и Пурс: Претпазлива монетарна политика, како поддршка на стабилноста на цените и девизниот курс

„Стабилноста на курсот на денарот е приоритет за Народната банка, којашто ја унапреди оперативната рамка за монетарната политика заради подобро…

January 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Изработен првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата

Стопанската комора на  Македонија го изработи првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата со поддршка од ЕИБ Глобално…

October 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Напредуваат проектите во Железницата, очекувам годинава да биде објавен тендерот за Делница 3

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања истакна дека напредуваат проектите во Железницата и оти очекува оваа година да…

January 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?