Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Во СДСМ се очајни па го вклучуваат во кампања Пендаровски кого минатата година народот го порази
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Николоски: Во СДСМ се очајни па го вклучуваат во кампања Пендаровски кого минатата година народот го порази
ПОЛИТИКА

Николоски: Во СДСМ се очајни па го вклучуваат во кампања Пендаровски кого минатата година народот го порази

Објавено October 11, 2025 23:08
Сподели
Сподели

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во општина Прилеп, одржан во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Николоски зборуваше за опозициските СДСМ, ДУИ, Левица, кои според него се коалиција која води само црна кампања. Николоски порача дека оние кои национално ја обезличија држава се веќе минато, а и ја нагласи важноста на денешниот празник 11 октомври. Тој повика на масовна излезност на локалните избори на 19 октомври.

„Ние зборувавме и минатата година, дека ни треба вашата поддршка за да ставиме крај на владеењето на СДСМ и ДУИ, да ставиме крај на владеењето на Али Ахмети, на Зоран Заев и на Венко Филипче, а сега од скоро, рамо до рамо со нив и Димитар Апасиев. Таа тројна црна коалиција на ДУИ и СДСМ и Левица, којашто освен со црна кампања со ништо друго не се занимава“, рече Николоски.

Николоски истакна дека политичките опоненти се очајни и ја покажуваат сопствената паника, затоа што се свесни што ќе се случи на претстојните локални избори.

„Очајни, панични, гледам дека се свесни што ќе се случи, па се обидуваат во последните денови да внесат и по малце во целата работа и хумор и сатира, но пред сè ја покажуваат сопствената паника“, кажа Николоски и додаде:

„Па еве го вчера не издржа и Стево Пендаровски, којшто вие народот, на минатогодишните избори го поразивте како никој друг претходно. Ни срам, ни перде, излезе, зборува, раскажува бајки, раскажува приказни. Вели 90% од политичарите биле опседнати со тајните служби, демек тој не бил, а пола интервју му беше за тајните служби и само потврди дека ги злоупотребувал затоа што информациите коишто ги сподели, јасно покажуваат дека ја користеше Агенцијата за разузнавање, не за да ја штити Македонија надвор, како и што и е работата, туку за него да му помага политички, колку му помогна политички, виде минатата година со најголемиот пораз, којшто било кој, било кога го видел“.

Николоски додаде дека оние кои национално ја обезличија Македонија, веќе се минато, а и потсети дека 11 октомври беше национално востание предводено од македонскиот народ, а претходната влада која правеше ревизија на историјата од минатата година се минато.

„На овој ден е чесно да се каже, дека националните предавници се позади нас, дека оние коишто национално ја обезличија Македонија, се позади нас. Затоа што на 11 октомври не почна востание коешто беше идеолошко, на комунисти против ројалисти, туку почна востание коешто беше национално и коешто го водеше македонскиот народ против окупаторите, а не против администраторите. И тоа треба да го кажеме затоа што ревизија на историја правеа оние коишто од минатата година се минато“, нагласи Николоски.

Николоски повика на масовна излезност на локалните избори: „Затоа ни е потребна голема масовна референдумска излезност за да можеме да продолжиме да ја штитиме да ја браниме и да ја градиме Македонија на чело со премиерот Мицкоски“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mицкоски потсети: Државата ја наследивме како запуштена куќа, без покрив и со празни сметки
Следна Статија Мицкоски: Политиките на СДСМ кон соседите се чиста капитулација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Тандемот што може да ги измеша картите во Центар: Емилијан Станковиќ и Софија Куновска како можна независна опција

Додека партиите сè уште ги калкулираат своите кандидати за локалните избори, зад сцената сè погласно се споменува еден политички тандем…

April 14, 2025
ПОЛИТИКА

Кој е Мирослав Лабудовиќ, кандидат на ЗНАМ за Центар: Верува во духот на маалскиот живот и во едноставно решавање на проблемите

Мирослав Лабудовиќ е кандидат за градоначалник на Општина Центар од партијата ЗНАМ – За наша Македонија. Роден во Дебар Маало,…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Очекуваме 60 општини во рацете на нашата коалиција

Во недела масовно да излеземе на избори, да го заокружиме бројот 9 за Тони Тоневски и за развој на Пробиштип.…

October 28, 2025
ПОЛИТИКА

Куновска: На евентуални предвремени избори СДСМ ќе биде докрајчена

Софија Куновска, поранешна советничка на СДСМ во Советот на Град Скопје и поранешна пратеничка, вели дека СДСм е во сериозни…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?