Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Договорот со Велика Британија е во служба на народот и ја гарантира иднината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Договорот со Велика Британија е во служба на народот и ја гарантира иднината
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Договорот со Велика Британија е во служба на народот и ја гарантира иднината

Објавено June 4, 2025 09:17
Сподели
Сподели

Александар Николоски, вицепремиер на Владата и министер за транспорт и врски, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма говореше за Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија.

Николоски подвлече дека Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија претставува дипломатска и историска победа за Македонија, и додаде дека кога една држава добива кредит тоа значи дека другата страна верува во нејзината способност да се развива и редовно да ги сервисира своите обврски. Тој нагласи дека кога се добива поддршка од страна на Велика Британија тоа значи дека имааат доверба во нашата економска стабилност и иднина.

„Нема Велика Британија нас да ни дозволи ние да се презадолжиме и да не можеме да ги враќаме обврските. Кога добивате кредит тоа меѓудругото е и доверба на другата страна, значи другата страна има доверба во вас како држава, дека вие имате перформанс и дека ќе се развивате соодветно да може да го враќате тој кредит“, посочи Николоски.

Николоски потенцираше дека многу е значајно што Велика Британија препознава дека Македонија може да се развива. Тој нагласи дека целта на договорот првично е да се реализираат инфраструктурни проекти во делот на транспортотот и здравството.

„За мене е многу значајно дека Велика Британија препознава дека Македонија може да се развива со темпо коешто може да издржи пет милијарди фунти, доколку одиме со сите пет милијарди фунти потенцијално задолжување. Ние во моментов нема да одиме со повеќе од 2 милијарди фунти вкупно, затоа што и ние правиме свои проекции како би се одвивала целата работа, но се разбира во периодов којшто е пред нас би ги користеле и останатите 3 милијарди фунти за други проекти“, заклучува Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Влада: Промените се очигледни, растот на БДП од 3,4% ја стави Македонија во иста група со богатите држави Ирска, Данска и Полска
Следна Статија Трамп ги удвои царините за железо и челик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски оддаде почит на хероите од двата Илиндена во струшко Ташмаруништа

Традиционално, со полагање цвеќе на споменикот на двата Илиндена и народен собир во атарот на црквата „Свети Архангел Миахил“, каде…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани

Во близина на струмичко Костурино и дојранското село Црничани постоеле неолитски населби стари осум милениуми. Ова го потврдија и геомагнетните…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Статистиката потврдува – Во Македонија повеќе умираат отколку што се раѓаат!

Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува -1 135 лица, што значи дека за…

August 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со пораки до младите: Нема подобар начин да го изразиме нашиот патриотизам и љубов кон државата и народот од формирање семејство

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на настанот во организација на УМС по повод 34 години од формирањето на…

April 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?