Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски и Тошковски со одлични вести за транспортерите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски и Тошковски со одлични вести за транспортерите
ЕКОНОМИЈА

Николоски и Тошковски со одлични вести за транспортерите

Објавено February 3, 2026 15:43
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ја поздрави иницијативата на Европска Комисија за надминување на проблемите со кои се соочуваат превозниците и истакна дека Владата, преку аргументирани факти, бара изнаоѓање соодветно и долгорочно решение за оваа категорија работници, поради природата на нивната работа и потребата од движење во рамки на Шенген зоната.

Николоски денеска, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков, одржа конференциски состанок со претставници на Европската комисија, меѓу кои и директорката на Директоратот за проширување Валентина Суперти.

На состанокот учествуваа и ресорните министри за транспорт, внатрешни работи и европски интеграции од земјите на Западен Балкан – Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. Главна тема на разговорите беше надминувањето на проблемите со кои се соочуваат транспортерите при движењето низ земјите од Шенген зоната, како и изнаоѓањето долгорочни решенија за превозниците.

Во очекување на трајно решение, Николоски нагласи дека Европската комисија треба реално да го идентификува проблемот со транспортниот сектор и непречениот транспортен тек и во најкраток рок да имплементира соодветни мерки кои ќе обезбедат предвидливост и стабилност за транспортните компании што работат во меѓународниот патен сообраќај.

Претставниците на Европската комисија ја потврдија новата визна стратегија на Европската Унија, во која превозниците се препознаени како професионалци. Притоа беше истакнато дека се разгледува можноста оваа категорија работници да биде третирана на ист начин како пилотите и машиновозачите.

На состанокот беше потврдено и дека примената на биометриската евиденција преку електронскиот систем за влез и излез во земјите од Шенген зоната, наместо од почетокот на април, се одложува до септември оваа година.

Во меѓувреме, ќе биде формирана работна група на експертско ниво, која веќе следната недела треба да одржи состанок и да ги материјализира заклучоците од денешниот состанок на високо ниво.

Од Европската комисија ја потенцираа важноста на транспортниот сектор и неговото влијание врз целокупната економија, најавувајќи целосна посветеност во изнаоѓање трајно и прифатливо решение во интерес на сите засегнати страни. Истовремено беше нагласено дека комуникацијата меѓу сите инволвирани страни ќе продолжи и во наредниот период.

Од Влада на Република Македонија информираат дека Владата веќе изразила целосна поддршка за превозниците и дека ги презема сите мерки што ѝ стојат на располагање, со цел да се овозможи непречена работа во рамки на меѓународниот патен сообраќај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почна исплатата на МојДДВ за четвртото тримесечје од 2025 година
Следна Статија Министерството за здравство се огласи во врска со „извозот на мозоци“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески на средба со извршниот директор на АФИ: Поттикнување на финансиската вклученост како предуслов за економскиот развој

За време на Глобалниот форум на Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), кој се одржува во Намибија, гувернерот на Народната банка,…

September 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Обезбедени средства за набавка на новите 150 електрични автобуси, Град Скопје ќе добие 100

На владина седница донесовме одлука, во рамки на влада со влада договорот кој го имаме со Унгарија. Дел ќе биде…

January 30, 2026
ЕКОНОМИЈА

Стапија на сила нови правила за одобрување возила

Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото,…

September 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците

Трговците од денеска имаат обврска на дневна основа да ги објавуваат продажните цени на производите. Цените треба да бидат објавени…

April 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?