Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: „Кросрејл“ ќе биде техничка поддршка за целокупното работење на Македонски железници инфраструктура и тоа ќе биде грант, односно подарок од британската Влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: „Кросрејл“ ќе биде техничка поддршка за целокупното работење на Македонски железници инфраструктура и тоа ќе биде грант, односно подарок од британската Влада
ЕКОНОМИЈА

Николоски: „Кросрејл“ ќе биде техничка поддршка за целокупното работење на Македонски железници инфраструктура и тоа ќе биде грант, односно подарок од британската Влада

Објавено September 25, 2025 14:26
Сподели
Сподели

„Кросрејл“ ќе биде техничка поддршка за целокупното работење на Македонски железници инфраструктура и тоа ќе биде грант, односно тоа е подарок од британската Влада за граѓаните на Македонија, изјави денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарски прашања по увид во реализација на инфраструктурни проекти во општина Кавадарци.

– Ние на последната седница на Влада усвоивме договор со компанијата „Кросрејл“. Тоа е компанија што е во стопроцентна сопственост на Министерството за транспорт на Велика Британија, компанија што ја изгради најдолгата, најмодерна и прва целосно дигитализирана метро – линија во Лондон и компанија што го одржува метрото во Лондон. Таа компанија ќе биде техничка поддршка за целокупното работење на Македонски железници инфраструктура и тоа ќе биде грант, односно тоа е подарок од британската Влада за граѓаните на Македонија. Тоа е уште еден чекор кон реализирање на проектот. Така што во добра насока сме. Еве и Србите вчера во Атина се во таа насока. Очекувам следниов период да имаме активности и со владите на Србија, на Унгарија и на Австрија и да пополека го затвораме проектот и да почнат машини на терен да работи, одговори тој на новинарско прашање.

Владата на 114. редовна седница ја разгледала и ја усвоила информацијата за склучување на договор за соработка помеѓу Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Скопје и Јавното тело на Министерството за транспорт на Владата на Обединетото Кралство, „Кросрејл интернешнал лимитед“.

Како што беше појаснето завчера во соопштението на Владата, со договорот за соработка се воспоставува рамка со што страните ја потврдуваат својата подготвеност и посветеност да соработуваат преку споделување на експертиза, искуства, добра практика и научени поуки во поддршката на проектите на ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје, со посебен акцент на брзата железница, како и на товарниот железнички сообраќај, сигнални и контролни системи, надградба на инфраструктурата, депоата и железничкиот возен парк.

– Договорот за соработка е во важност од 5 години со можност за продолжување од дополнителни пет години. Овој договор произлегува од досега воспоставената соработка помеѓу македонската Влада и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во врска со партнерството за реализација на приоритетни инфраструктурни проекти, стои во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Саркорзи осуден на пет години затвор
Следна Статија Николоски: Радарот на Скопскиот аеродром е целосно функционален, за само три дена решивме проблем кој траел 30 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Околу 1.000 фирми се затвориле во првите три месеци во оваа година

Лош старт на годинава за некои бизниси. Иако, во првите три месеци се отвориле над 1.900 фирми, во истиот период…

April 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриоска Кочоска: Горивата се берзански производ на кој не можеме да имаме никакво влијание

Горивата се берзански производ на кој не можеме да имаме апсолутно никакво влијание, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска…

June 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Со златни резерви од 6,9 тони, Македонија 78. во светот

Македонија се наоѓа на 78. место во светот според девизните резерви во злато од 6,89 тони, покажува најновиот извештај на…

October 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Анализа: Се очекува забрзување на инфлацијата и зголемување на ценовниот притисок?

Иако статистиката за март покажува негативна инфлација на месечно ниво, експертските прогнози сигнализираат дека инфлацискиот притисок годинава ќе се засили.…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?