Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Нема да одиме против препораките на УНЕСКО, сите прашања ќе ги отвориме на средба во март
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Нема да одиме против препораките на УНЕСКО, сите прашања ќе ги отвориме на средба во март
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Нема да одиме против препораките на УНЕСКО, сите прашања ќе ги отвориме на средба во март

Објавено February 19, 2025 13:44
Сподели
Сподели

Владата ќе разговара директно со УНЕСКО за да се утврди кое решение ќе биде најсоодветно за зачувување на заштитениот статус од УНЕСКО на Охридското Езеро и регионот, а во исто време да се направи и автопатот од Требеништа до Ќафасан.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска истакна дека на автопатот Кичево-Охрид се предвидени четири делници.

Како што нагласи Николоски, ветил и зборот ќе си го оддржи. До крајот на следната година ќе имаме целосно функционален автопат од Кичево до Охрид. Тој посочи дека тука се поставува прашањето на кој начин најдобро е да се поврзе Струга

Имаме стриктни забрани од УНЕСКО да развиваме пат и железница во заштитениот дел од Охридското Езеро, каде влегува и делот кој потенцијално би го опфаќала и оваа патна делница. Очекувам во текот на месец март заедно со министерот за култура, градоначалникот на Охрид и останати експерти во Париз да имаме средба на највисоко ниво, каде што ќе ги отвориме овие прашања и секако дека нема да одиме спротивно на препораките на УНЕСКО. Многу е значаен статусот кој го има и градот Охрид и Охридското Езеро. Секако дека ќе се прилагодиме на нивните барања. Дали тоа ќе значи поместување на трасата посеверно или ќе значи целосно нова траса или ќе можеме да се вклопиме во постојната траса, се работи кои ќе ги дискутираме. Тука имаме уникатна состојба и само во овој дел не сакам да се врзувам за рокови, туку и за заштита на сето ова што го имаме – рече Николоски.

Министерот за транспорт додаде дека ќе се работи на тоа да се најде најдобар можен баланс помеѓу заштитата и развојот на инфраструктурата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски го нападна Трамп: Живее во балон на дезинформации, САД му помогнаа на Путин да излезе од изолација!
Следна Статија Митева: Добивме донација на уреди за филтрација на воздухот во вредност од 1.000.000 евра, ќе бидат распределени во градинките, училиштата и болниците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Каја Калас најави механизми за одблокирање на македонските евроинтеграции

Има простор да се најдат механизми за да се одблокираат преговорите на Македонија за членство во ЕУ, најави денеска високата…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДУИ ја осудува трагедијата во Кочани, бара праведна и транспарентна истрага

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува најискрено сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани и ја споделува тагата…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

СКАНДАЛ: Екс директор на АНБ од СДСМ наредил следење и прислушување на новинари и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Агендијата за нациолнала безбедност во време на владеењето на поранешната власт целосно се ставила во служба на СДСМ и ДУИ.…

September 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

ФЕКАЛИИ ИМ СЕ ВРАЌАЛЕ ДОМА ОТКАКО ИМ ЈА ЗАТНАЛ КАНАЛИЗАЦИЈАТА Општина Центар го санкционираше инвеститорот

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа итна средба со менаџментот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ за да се…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?