Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Огромна победа во Струмица, енергија за голема промена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Николоски: Огромна победа во Струмица, енергија за голема промена
ПОЛИТИКА

Николоски: Огромна победа во Струмица, енергија за голема промена

Објавено September 28, 2025 10:10
Сподели
Сподели

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето обраќање во Струмица на промоција на кандидатот за градоначалник Петар Јанков, истакна дека ќе се стави крај на сите неправилности во работењето во општина Струмица, посочувајќи дека токму победата во Струмица ќе биде круната на претстојните локални избори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На овие локални избори ќе имаме многу победи, енергијата е таква, анкетите се такви, веројатно ќе нема место каде што нема да победиме. Победата во Карпош и победата во Струмица ќе бидат круната на овие локални избори. Во Карпош затоа што мора да покажеме дека во Македонија има владеење на правото и оние коишто грешеле не може да бидат градоначалници, туку ќе одат таму кај што заслужиле, а во Струмица затоа што допрва ќе испитуваме што се работело во општината години наназад, децении наназад, на кој начин тоа се правело. На кој начин од еден пристоен град за живеење Струмица стана град којшто е на врвот на листите на загадување секоја зима, и како никнат згради како печурки на секој ќош кој тоа го дозволи и како го дозволи тоа – кажа Николоски.

Николоски посочи дека со новиот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Струмица ќе стане поубаво место за живеење со реализација на бројни инфраструктурни проекти, нови улици, булевари училишта, градинки како и поврзување со Коридорот 4.

Владата силно ќе застане и позади овој тим на советници, луѓе кои сум убеден дека со доктор Никола заедно ќе работат да имаме најуспешен совет досега. Убеден сум дека со новиот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ ќе можеме заеднички да ја спроведеме визијата и да реализираме бројни проекти, да направиме и Струмица и околните населени места многу поубаво место за живеење. Ќе има нови улици и нови булевари и нови водоводни и канализациони системи, ќе зборуваме и за нови училишта и за нови градинки, ќе зборуваме да реализираме повеќе паркови, а ќе реализираме и големи инфраструктурни проекти. Нашата стратешка цел покрај двата коридори коишто се сечат Коридорот 10 и коридорот 8, е да се поврземе и со Коридорот 4 и тоа поврзување ќе оди токму преку Струмица, најавувам многу голем грандиозен проект – истакна Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓев: Скопје е опасно место за живеење поради загадениот воздух
Следна Статија Марк Маркес се израмни со Валентино Роси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

За нас е неприфатливо да седиме во иста влада со субјект кој се договара со нереформирано ДУИ. Движењето ЗНАМ и…

May 12, 2025
ПОЛИТИКА

Али Ахмети празнично се пожали: Се обидуваат да го укинат Охридскиот договор преку исклучување на албанскиот јазик

На 2 август 1903 година, Албанците, Македонците и другите заедници се обединија во заедничката борба за слобода и еднаквост. Целтта…

August 2, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Османи: Човекот којшто преговараше и ги распродаваше мојот македонски идентитет и мојот македонски јазик има најмал кредибилитет да зборува

„Човекот којшто преговараше и ги распродаваше мојот македонски идентитет и мојот македонски јазик има најмал кредибилитет да зборува. Оти, ако…

March 5, 2025
ПОЛИТИКА

ПИШИ- БРИШИ ПОЛИТИЧАР: Жерновски обвини дека Сиљановска се фотографирала со „восочни фигури на Трамп и Меланија“, па се премисли

Поранешниот градоначалник на општина Центар и амбасадор во Романија, екс заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски на социјалните медиуми тврдеше …

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?