Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски од Новаци: Гласајте за бројот 9, бројот кој што ќе ја промени иднината на пелагонискиот регион
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Николоски од Новаци: Гласајте за бројот 9, бројот кој што ќе ја промени иднината на пелагонискиот регион
ПОЛИТИКА

Николоски од Новаци: Гласајте за бројот 9, бројот кој што ќе ја промени иднината на пелагонискиот регион

Објавено October 3, 2025 17:44
Сподели
Сподели

Задоволство е да се биде тука и да се гледаат реализирани проекти. Овие четири години градоначалникот направи многу. Од нив, околу три години беа тешки поради отежната соработка со претходната Влада на СДСМ и ДУИ, но во изминативе година и два месеци заеднички работиме за да се реализира што е можно повеќе проекти, наменети за сите населени места во општина Новаци, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на митинг во Новаци.

Тој посочи дека најголем и најзначаен проект во моментов е изградбата на автопатот Прилеп – Битола, долг 40 километри, кој, како што рече, претставува еден од најголемите инфраструктурни зафати во Македонија.

-Овој автопат целосно ќе го промени начинот на живот во општините Новаци, Битола, Могила и целиот пелагониски регион. Ќе овозможи поблиска комуникација со главниот град и ќе придонесе за развој на Коридорот 10Д, што значи патување од Скопје до Атина за околу пет часа, наместо сегашните осум. Тоа ќе донесе повеќе туристи, повеќе можности за туризам и угостителство и подобра поврзаност со остатокот од државата, рече Николоски.

Тој додаде дека проектот се надоврзува на веќе пуштениот експресен пат Градско – Фариш, а следен предизвик е решавањето на делницата Фариш – Прилеп, која ќе биде поврзана со автопат или експресен пат.

-За да можеме да ги реализираме овие и многу други проекти, потребно е да имаме мнозинство во Советот и градоначалникот да победи уште во првиот круг. Затоа, број 9 на 19 октомври и вечерта заедно да славиме, порача Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија До 15 октомври сите дефекти на мрежата за централно греење ќе бидат остранети, објави Владата
Следна Статија Приватните превозници во Скопје од понеделник ќе возат само од 5 до 10 часот поради неисплатен долг од ЈСП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Коалицијата „Вреди“ ќе стане една партија

На македонската политичка сцена ќе се роди нови субјект. Лидерот на демократското движење, Изет Меџити потврди дека од наредната недела…

April 20, 2025
ПОЛИТИКА

Со 804 гласови од 817 делегати: Мицкоски повторно избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ попладнево го избраа Христијан Мицкоски за лидер на партијата. Од присутни 817 делегати за негов повторен избор…

December 6, 2025
ПОЛИТИКА

Ако утре има парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ би освоила над 60 пратеници

ВМРО-ДПМНЕ со 550 советници низ Македонија и градот Скопје, како и со над 300.000 гласови, е апсолутен победник на локалните…

October 22, 2025
ПОЛИТИКА

Трговецот од Горни Милановац нема да ја направи победничка партијата со измислување клевети, велат од ВМРО ДПМНЕ

Дали Венко Филипче уценувал студентки како професор барајќи неморални услуги за оценки-Можеби за ова има докази, а можеби и не.…

December 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?