Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Очекуваме најмалку десет нови дестинации и преговараме за отворање на нова авиолинија од Будимпешта до Охрид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Очекуваме најмалку десет нови дестинации и преговараме за отворање на нова авиолинија од Будимпешта до Охрид
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Очекуваме најмалку десет нови дестинации и преговараме за отворање на нова авиолинија од Будимпешта до Охрид

Објавено May 6, 2025 09:34
Сподели
Сподели

Преговараме со Визер да ја отвори линијата Будимешта -Охрид. Сметаме дека таа е поатрактивна бидејќи има што да понуди охридското крајбрежје за туристите. Во меѓувреме развиваме нов модел на привлекување на нови авиолинии и сметаме дека тој модел ќе донесе најмалку десет, а потенцијaлно и дваесет нови дестинации, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во утринското интервју на Радио Лидер.

Тој потенцира дека сегашниот модел на субвенции на патници во доаѓање ги дава резултатите, а тоа се десет нови линии за неколку месеци.

„Со луѓето од министерството работам на нов модел, не сакам да ветувам но мислам дека ќе донесе најмалку десет, а потенцијално и до дваесет нови дестинации за краток временски период. Моделот е сакаме да ги зголемиме субвенциите. Во моментов плаќаме по патник во доаѓање за некој што би слетал во Скопје по 9 евра, а некој што би слетал во Охрид плаќаме по 12 евра. Подготвени сме да одиме нагоре под услов компанијата да отвори најмалку 10 дестинации во исто време, но да го довршиме па ќе зборуваме за ова“- рече вицепремиерот Николоски.

Во однос на поврзување на Будимпешта со Охрид, тој истакна дека во моментов се преговара со Визер за воспоставување на оваа линија, како поатрактивна во однос на скопскиот аеродром.

“Будимпешта – Скопје, беше единствената линија за која Визер добивале субвенции од унгарската влада, субвенциите завршија, за жал бројот на патници е мал и затоа таа линија се укина. Ние разговараме со компанијата Визер, бидејќи најголемата база им се наоѓа во Будимпешта, да отворат линија за Охрид. Мислиме дека ќе биде поатрактивна бидејќи туристичкиот потенцијал е далеку поголем, а во однос на комерцијална смисла, Будимпешта не беше атрактивна за Скопје бидејќи има две поблиски дестинации Виена и Братислава кон кои што се лета од Скопје, а од Македнија нема толку патници да се опслужуваат во радиус од два часа на три аеродроми”-објасни вицепремиерот Николоски.

Тој потенцира дека чартер летовите на “Фрибирд” се силен инпут за зголемување на авиосообраќајот, а со тоа и директно за туризмот бидејќи секојдневно на скопскиот аеродром слетуваат по најмалку 180 туристи. Амбицијата, според вицепремиерот Николоски е најмалку два чартери дневно на охридскиот аеродром.

“Амбицијата е следната година да слетуваат најмалку два авиони и да слетуваат во Охрид, што значи дека секој ден ќе имаме по двесте нови туристи. Тие остануваат по најамлку 4 дена што значи имате по 800 туристи во охридското крајбрежје во неатрактивни месеци кои ги полнат хотелите, рестораните и чаршијата. Голем инпут е и Туркиш ерлајнс, број еден авиокомпанијата во светот, лета од најголемиот аеродорм во Европа за Охрид. Така што на охридскиот аеродром драстично се гледа разликата”- изјави вицепремиерот Николоски.

Тој потенцира дека во моментов има конекции кон 64 дестинации, од кои 56 од скопскиот и 8 од охридскиот аеродром, што е сериозен успех на Владата и концесионерот ТАВ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Економист пишува: Овие 5 луксузи Европа повеќе нема да може да си ги дозволи
Следна Статија Инфлацијата во Швајцарија 0 отсто, франкот зајакна во однос на сите главни валути

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Минималната синдикална кошница за октомври изнесува 61.249 денари

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година изнесува 61.249,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија.…

October 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски ќе присуствува на Саемот на вино „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека ќе присуствува на Саемот на вино „Винска визија на Отворен Балкан“ што ќе се одржи…

November 19, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски и Али Рашед Лута: Да ја продлабочиме нашата соработка

Денес во Владата се одржа работна средба на која присуствуваше претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, претставници од…

September 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Стана ли Скопје заситен од станови: Статистика објави дека во август била планирана изградба само на 30

Во август 2025 година се издадени 280 одобренија за градење, што е за 1,8% повеќе во однос на истиот месец…

October 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?