Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски се надева дека ќе се изгласаат законите за проектот „Безбеден град“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски се надева дека ќе се изгласаат законите за проектот „Безбеден град“
МАКЕДОНИЈА

Николоски се надева дека ќе се изгласаат законите за проектот „Безбеден град“

Објавено January 19, 2026 17:49
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски се надева дека опозицијата ќе гласа за законските решенија за проектот „Безбеден град“ особено, како што вели, по ветувањето на лидерската средба. Порачува дека сите треба да учествуваат во овој проект, кој потенцира, спасува животи.

На новинарско прашање дали Собранието ќе побара од МВР најмалку три месеци одожување на проектот Николоски рече дека „се работи за принципиелно прашање и оти може да одложуваме и месец, три и шест месеци, но на крај на денот прашање е дали сакаме да има ред во државата или не“.

– Гледате кој е опозиција. Опозиција е СДСМ коишто влегоа во целосно деструктивна кампања, којашто мора да признаам дека не ја разбирам, и тука е ДУИ, коишто се сеќаваме добро што се случуваше кога беа на власт. Се надевам дека ќе се опаметат и законите особено оние кои се двотретински ќе бидат изгласани, особено после ветувањето на лидерската средба – изјави Николоски, по учеството на одбележувањето на празник Водици во Охрид.

Прашан дали би се согласил за одложување рече дека тоа треба да го разговараат пратеничките групи и во насока на постигнатото на лидерската средба да се изгради консензус.

– Ова е проект кој спасува животи и сите треба да учествуваат во него – порача Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Владата не сака реформи за ЕУ, само бизниси за мала група блиска до ВМРО
Следна Статија Никој не знае каде е судијата Ристов, пред еден месец го исклучил мобилниот телефон и зел боледување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Фатмир се качи на такси за да не му го земе Пајакот – Раскажа што се случило

Фатмир кој се качи на такси за да не му го земе Пајак раскажа што се случило Вистинска драма се одвиваше…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Албански портал објави видео со тетовски полицајци во униформа кои влегуваат во цивилни возила со две девојки (ВИДЕО)

Албанскиот портал JOQ објавува видео на кое се гледа како двајца полицајци снимени во Тетово по краток разговор влегуваат во…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Само 42 отсто од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори

Само 42% од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори, соопшти Државната комисија за спречува на корупцијата. Согласно…

September 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ние повикуваме на национален консензус со месеци, но опозицијата не бира средства како да ни забие нож во грб

Ние повикуваме на национален консензус со месеци, но гледате, додека се бориме да ги вратиме изгубените позиции на меѓународната сцена,…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?