Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Со брзата пруга од Гевгелија до Солун со воз ќе се патува околу 30 минути, а до Скопје за околу еден час и десет минути
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Со брзата пруга од Гевгелија до Солун со воз ќе се патува околу 30 минути, а до Скопје за околу еден час и десет минути
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со брзата пруга од Гевгелија до Солун со воз ќе се патува околу 30 минути, а до Скопје за околу еден час и десет минути

Објавено July 18, 2025 12:47
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој е и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, учествуваше на трибината која се одржува во општина Гевгелија на тема „Инфраструктурен бум-Ги градиме темелите на промените“. Николоски во своето обраќање се осврна на Договорот со Обединетото Кралство и посочи дека ова е нешто што прво, ќе ја трансформира Македонија, а второ Македонија со овој договор се позиционира рамо до рамо со, како што рече тој, втората светска сила во моментов.

Николоски стави акцент и на економскиот аспект и бенефитите за Македонија и за граѓаните.

-Прво е лична мотивација. Јас кога се нафатив минатата година на овој предизвик бев силно мотивиран да направиме работи кои што ќе останат позади нас, но и работи кои што ќе останат за генерациите коишто ќе не паметат и коишто ќе не споделуваат што се она се правело, рече Николоски.

Според Николоски, Македонија мора да направи голем чекор напред со цел да биде рамо до рамо со најразвиените држави во Европа.

-Ние мора да направиме гигантски чекор напред ако сакаме Македонија да ја однесеме рамо до рамо со најразвиените европски држави и имаме уникатна можност да го направиме тоа затоа што сме мала држава, но во исто време имаме вреден народ, чесен народ и со добра организација се постигнуваат овие резултати, рече Николоски и додаде дека од една страна мора да сте многу подготвен за да станете рамо до рамо со најразвиената држава во Европа и втората светска сила во моментов.

Николоски истакна дека Македонија е првата држава во Европа која има потпишано ваков договор и реферираше на Договорот со Обединетото Кралство, а додаде и дека министерот за надворешни работи денес веќе го надградил тој договор.

-Тоа според мене е значајно политички аспект, затоа што како што кажав, втората светска сила става свој печат во Македонија и тоа се трајни работи. Затоа што кога водите битки надвор, кога се бориме за македонскиот национален идентитет, за македонскиот јазик, за македонскиот народ, кога сакаме да е почитувана македонската историја и култура, многу е полесно кога имате голема светска сила позади себе, кажа Николоски.

Николоски го спомена и економскиот аспект во контекст на Договорот со Обединетото Кралство.

-Потпишавме договор каде што Велика Британија гарантира со својот кредитен рејтинг, којшто е највисок кредитен рејтинг, којшто може да се добие за Македонија и тоа го прави во една рамка од 5 милијарди фунти односно шест милијарди евра што целосно можат да ја трансформираат Македонија“.

Николоски потенцираше дека првиот проект е веќе во фаза на реализација и веќе има понуди од 16 врвни светски банки.

-Тоа е брзата пруга, која што секако ќе поминува и низ Гевгелија, Гевгелија-Солун ќе е околу 30 минути, Гевгелија-Скопје ќе е некаде околу час, час и десет. Центар во центар. Така што тоа е нешто што целосно ќе ја трансформира Македонија, заклучи Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Со украдена пушка пукал кон деца и се обидел да застрела полицајци – во Василево уапсен 29-годишник
Следна Статија Родителите на загинатите од Кочани велат дека премиерот им рекол да си одредат цена за нивните деца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици

Ако прекинеме со непродуктивните трошења, ако Владата се определи да им помогне на локалните самоуправи, да им даде евтини кредити…

December 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трка за гувернер на Народната Банка – Времето истекува, одлуката се уште неизвесна

Се помалку време останува за избор на нов гувернер на Народната Банка. 7-годишниот мандат Анита Ангеловска Бежоска истекува за неполни…

May 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Британски синџир супермаркети дава по 1 фунта на секој клиент кој ќе им помогне да ги фатат крадците во продавници

Синџирот супермаркети „Исланд“ во Велика Британија им нуди на своите клиенти една фунта како награда на нивната картичка за лојалност…

August 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонците најмногу трошат на храна, пијалаци и тутун

Прометот во малопродажбата во Македонија бележи сериозен раст – особено кај трговијата со храна, пијалаци и тутун, објави Државниот завод…

August 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?