Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поради ниската откупна цена, дел од јагнињата останаа непродадени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Поради ниската откупна цена, дел од јагнињата останаа непродадени
ЕКОНОМИЈА

Поради ниската откупна цена, дел од јагнињата останаа непродадени

Објавено March 7, 2025 17:41
Сподели
Сподели

Сточарите од штипско и радовишко се жалат дека дел од јагнињата останале неоткупени. Причина е ниската откупна цена која ја нудат кланиците од 230 денари за килограм жива мера, што за нив е под прагот на рентабилност. Од друга страна, приватните откупувачи им нудат по 300 денари, но во тој случај не ги следуваат субвенции.

Секоја година не лажат, вака ќе биде,онака ќе биде, ама од откупот на јагне оваа година воопшто не сем задоволни. Тутунот се продава по 500 денари, а јас не паметам тутунот да бил поскап од јанешкото. Од време сум сточар и не паметам да е било 2 килограми јагне, за 1 килограм тутун, изјави Асан Исмаилов, сточар.

До почетокот на месец март сите јагниња треба да бидат продадени, зашто откако ќе пораснат не се барани од трговците.

Само се мачиме, големите јагниња не ги купуваат. Од јагне од 15 и 20 килограми нема ништо пари, а ние се мачиме, Усеин Алиов, сточар

Многу слабо, трошок голем, а откуп за јагнињата нема. Чекаме, а јагнињата пораснаа. Бараме откупувачи, но не доаѓаат. Не знам зошто, дали немаат пазар, не знам како да ви кажам, изјави сточар.

Лани јагнињата се продаваа по цена од 300 денари за килограм жива мера, со што годинава речиси за една третина е намалена. Волната никој не им ја зема, а слабо оди и продажбата на сирењето. Ова е причината што низ селата во Плачковичкиот регион од година во година се намалува бројот на овци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Работниците во ФАКОМ излегоа на генерален штрајк поради неисплатени плати
Следна Статија (ВИДЕО) Се урна мост во Белгија: Има загинати и повредени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Кина е подготвена за нови трговски разговори со САД „што е можно поскоро“

Кина е подготвена за нови трговски разговори со САД „што е можно поскоро“, објавија денеска кинеските медиуми. Информацијата се појави…

October 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата ќе се зголеми за 1.667 денари во нето износ согласно законското усогласување што се прави во март. Тоа…

March 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ќе има зголемено производство, но каква ќе биде цената!? Почна садењето на тутунот во Прилепско

Почна садењето на тутунот од годинашнава реколта и во Пелагонискиот регион веќе се засадени околу 25 проценти од површините. Според…

May 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: Со минимален сет податоци до полесни плаќања во евра преку СЕПА

„Со влезот на земјата во СЕПА, преносот на парични средства во евра дополнително ќе се поедностави и ќе се забрза,…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?