Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски со поддршка за протестот на превозниците: Ова е едно навремено предупредување, постојат три решенија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски со поддршка за протестот на превозниците: Ова е едно навремено предупредување, постојат три решенија
ЕКОНОМИЈА

Николоски со поддршка за протестот на превозниците: Ова е едно навремено предупредување, постојат три решенија

Објавено January 26, 2026 14:12
Сподели
Сподели

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денес беше присутен на ГП Блаце, по најавата на транспортните превозници за блокада.

Николоски искажа поддршка за протестот на превозниците.

-Причината зошто сум денеска тука на овој граничен премин е за да искажам поддршка во мое име и во име на Владата. Овој протест е предупредувачки протест. Превозниците сакаат да покажат што ќе се случува од 10-ти април натака. Ова е едно предупредување, сметам дека е навремено со цел да се искористат месеците февруари и март и земјите-членки на Шенген зоната да изнајдат решенија, рече тој.

Вицепремиерот посочи дека во принцип постојат три возможни решенија за решавање на овој проблем.

-Првото решение е да се одложи примената на новиот електронски систем за превозниците, второто решение е да се зголеми бројот на денови кои што можат да ги поминуваат во Шенген зоната превозниците, најмалце на 250 денови, соодветно поделено во циклуси, од сегашните 180. Третото решение е да не се третираат како туристипрофесионалните возачи и превозници, туку да се третираат онака како што треба, како професионалци и врз основа на тоа или да бидат исклучени од овие правила или соодветно со работни визи како што во моментов прави само Швајцарија тоа да се уреди и на тој начин да можат слободно да транзитираат, рече Николоски.

Тој оцени дека се спротивно од ова ќе има големи последици и за македонската, регионалната, но и за европската економија.

-Да не заборавиме дека најголем дел од странските инвестиции, не само во Македонија туку и во цел регион, се од земји-членки на Шенген зоната и ЕУ. Тие најчесто овде произведуваат полу-производи кои после тоа ги извезуваат во сопствените земји за да произведат финален производ. Да не зборувам за земјоделските производи, за транзитот, за она што го произведува Грција и исто така оди на север. Да не зборувам за главниот трговски коридор на цела југо-источна Европа, а тоа е Коридорот 10 кој значи економски крвоток на целиот овој регион, рече Николоски.

Тој апелираше уште еднаш да се размисли, да се разгледа можната порака која денес е испратена од земјите од Западен Балкан.

-Мислам дека гласно ќе одекне. Ние преку година дена предупредуваме, зборуваме со претставници на Европската Комисија, се обидуваме да објасниме, за жал досега немаа слух. Мислам дека после ова ќе имаат слух, ќе најдат решение со цел да не запре ниту македонската ниту регионалната економија, а и да нема последици по европската економија, порача вицепремиерот.

Засега блокиран е само сообраќајот за тешки товарни возила за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.

Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, македонските превозници, како и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, најавија дека од денеска ќе почнат седумдневна блокада на граничните премини што одат кон шенген-зоната. Се бара решавање на проблемот со евиденција на престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена за професионалните возачи.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Општина Ѓорче Петров ќе додели по 8.000 денари за секое новороденче
Следна Статија Нови детали за здравствената состојба на Шумахер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на…

May 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски”

На својата фејсбук страна, вицепрмиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави видео од новоизградениот Западен Булевар во Гевгелија, кој…

July 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азиските акции подготвени да го продолжат растот додека американските акции паѓаат

Азиските акции достигнаа рекордно ниво, а доларот опадна пред извештајот за вработувањето во САД, откако слабите малопродажни продажби ги зацврстија…

February 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Синдикатите утре на протест ќе ја блокираат владата

Зградата на Владата утре напладне ќе биде блокирана од синдикалците како знак на протест против неисполнувањето на барањето за зголемување…

February 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?