Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Стево троши си ја пензијата и не туку дели „ум“ на светските лидери
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Николоски: Стево троши си ја пензијата и не туку дели „ум“ на светските лидери
ПОЛИТИКА

Николоски: Стево троши си ја пензијата и не туку дели „ум“ на светските лидери

Објавено March 9, 2025 08:52
Сподели
Сподели

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, жестоко го нападна поранешниот претседател Стево Пендаровски, обвинувајќи го дека по десет месеци молк, сега се појавува во јавност само за да го напаѓа премиерот Христијан Мицкоски и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за американскиот претседател Доналд Трамп.

Човекот што двапати загуби претседателски избори, вториот пат со историски најголема разлика, сега реши да излезе во јавност и да напаѓа. Наместо да се соочи со сопствениот неуспех, тој арогантно дели ‘ум’ на светски лидери, а самиот не се гледа“, напиша Николоски на Фејсбук.

Тој го обвини Пендаровски дека, иако ветил, не се откажал од доживотната пензија што ја добива на товар на граѓаните, а истовремено напаѓа стратешки партнери како САД.

„Пендаровски кој зема пензија од државата сега го напаѓа претседателот на нашиот најголем сојузник, САД. Дали е тоа патриотизам или чиста фрустрација од изборниот пораз?“, праша Николоски.

Тој дополнително го обвини поранешниот претседател дека за време на неговиот мандат ја злоупотребувал Агенцијата за разузнавање за да фабрикува извештаи против ВМРО-ДПМНЕ, обидувајќи се да ги претстави како „проруски, антизападни и антиамерикански“.

„За мене слушам напишале дека сум претставник на ‘иранско-турско-унгарско’ влијание. Па, замислете, толку ги плашеше ВМРО-ДПМНЕ, што сакаа половина од носителите на нашите листи да завршат на црна листа, само за да се спасат од пораз!“, обвини Николоски.

На крајот, тој му порача на Пендаровски да не ја руши позицијата на Македонија и да се фокусира на своето пензионирање.

„Стево, троши си ја пензијата и не се брукај. Дружи се со пријателите од Агенцијата за разузнавање додека можеш!“, заклучи Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Пендаровски не му е нормално новото нормално на Трамп
Следна Статија Сензација: Ѓоковиќ елиминиран во првиот меч на Индијан Велс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Николоски: Да го продолжиме тоа што го започнавме во првиот круг

Денес во општина Конче се одржа мини митинг организиран од ВМРО-ДПМНЕ, каде потпретседателот Николоски и претседателот Мицкоски му дадоа поддршка…

October 24, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: Бујар нека одлучи каде и кога сака јавно да се соочиме

Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и просторно планирање и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина…

September 6, 2025
ПОЛИТИКА

Со скандирање за УЧК, ДУИ ја почна кампањата

Со извици „УЧК, УЧК“ додека на видео бимот одеше видео на кое се гледаат инсерти од војната во 2001 година…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Премиерот Христијан Мицкоски ја пречека пред Владата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета…

October 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?