Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Ја враќаме довербата кај народот дека можеме да водиме големи проекти, Македонија во моментов е огромно градилиште, само во општините има над 1200 активни проекти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Ја враќаме довербата кај народот дека можеме да водиме големи проекти, Македонија во моментов е огромно градилиште, само во општините има над 1200 активни проекти
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Ја враќаме довербата кај народот дека можеме да водиме големи проекти, Македонија во моментов е огромно градилиште, само во општините има над 1200 активни проекти

Објавено August 23, 2025 14:15
Сподели
Сподели

Во моментов цела Македонија е едно големо градилиште, само во општините имаме преку 1200 активни проекти кои што ги поддржува министерството за транспорт и Владата, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт на денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“.

Николски ги наброја големите инфраструктурни проекти коишто во моментов се градат преку министерството и ЈПДП, како и оние проекти кои што до сега беа пуштени во употреба, како експресните патишта од Куманово до Крива Паланка и Градско- Фариш, дел од експресниот пат Градско-Прилеп.

„Тоа се само преку министерството за транспорт, да не зборувам за оние големи инфраструктурни проекти коишто одат директно преку министерството за транспорт и Јавното претпријатие за државни патишта. Дали е тоа изградбата на автопатите Охрид-Кичево, сега работиме на Кичево-Букојчани, Букојчани-Гостивар, Гостивар-Тетово, Прилеп-Битола. Дали е пуштањето во промет на дата правци на експресниот пат Прилеп-Градско, тоа е делот од Градско до Дреново и од Дреново до Фариш. Понатака Куманово-Крива Паланка експресниот пат и бројни проекти коишто се работат во овој момент“, рече Николоски.

Освен што во моментов државата е огромно градилиште и се гради низ цела Македонија, Николоски посочи дека сега, за разлика од некои минати времиња, започнатите инфраструктурни проекти се завршуваат, така што се враќа самодовербата.

„И добро е што конечно завршуваат проектите и граѓаните можат да видат дека може да се заврши проект и она што е најважно, ја враќаме самодовербата кај народот дека Македонија и македонците се способни да водат големи проекти. Не е тоа само во патната инфраструктура, тука е и железничката инфраструктура, тука се аеродромите и авио линиите, тука се обновливите извори за енергија. Да не заборавиме дека за помалку од година дена успеавме целосно да завршиме во дел на процедури еден огромен проект којшто треба да е инвестиција од половина милијарда евра“, истакна Николоски.

Николоски се осврна и на реконструирањето на големите претпријатија, како што се Македонски железници инфраструктура, Македонски железници транспорт и Македонска пошта во кои работниците не земаа редовно плата.

„Лани кога бевме избрани да ја водиме Владата, Македонски железници инфраструктура, Македонски железници транспорт и Македонска пошта не земаа редовно плата, а денес тоа веќе не е тема. Туку денеска зборуваме како да ги унапредиме и како подобро да работат“, рече, меѓу другото, Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кандидатите за градоначалници и советници ќе имаат пристап до платено рекламирање на 329 медиуми низ државата
Следна Статија Алиу вети транспарентност, граѓаните ќе знаат кој го помага македонското здравство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Синдикалката ја оставиле пред врата со клучалка наместо да присуствува на интервју за вработувања во контролата на летање и М-НАВ

Директорите на Македонска навигација (М-НАВ) не ја пуштиле контролорката на летање, делегирана од Синдикатот на контролори на летање, да присуствува…

August 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Што прифати Ковачевски во 2022 година за кое Кошта рече дека мора да се исполни: Уставни измени без никакви гаранции

Се сеќавате во летото 2022 година кога тогашната влада во која главниот збор го имаше ДУИ, а за СДСМ беа…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери,…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Охрид СОС: Оние на власт, бивши и сегашни допуштаат изградба на хотел во Горица на сметка на светското наследство

Во извештајот на Реактивната мониторинг мисија (РММ) на УНЕСКО која престојуваше во Охрид минатиот март пишува дека додека мисијата се…

March 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?