Томе Христоски како градоначалник на Крушево реализирал капитални инвестиции во вредност од 3 милиони евра за 8 годишен мандат, а неговите претходници за ист период имале 10 милиони евра, истакна во дебата на ТВ 24, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Нико Чонески.
-Замислете, кажавте дека пред вашето доаѓање Крушево било анонимно. Значи никој не слушнал во Македонија и во светот, сите слушнале откако вие дојдовте на власт. Не слушнале ни за Питу Гули, ни за Илинденоско востание, кога дојде Томе Христоски тогаш сите разбраа за Крушево. Кога зборуваме за капитални инвестиции, можеме да набројуваме и два дена кој колку направил или не направил, но важни се бројките.
Бројките се немилосрдни.Во вкупна вредност, Томе Христоски реализирал капитални инвестиции во вредност од 3.000.000 евра за 8 годишен мандат. Ако ги споредиме тие бројки со 8 годишниот мандат на неговите претходници, таа сума е 10.000.000 евра. Значи претходните двајца градоначалници во нивните мандати за 8 години, реализирале капитални инвестиции од 10.000.000 евра, Томе Христоски за истото време во два мандати за 8 години, 3.000.000 евра. Значи на Томе Христоски ќе му требаат уште 4 мандати за да ги стаса неговите претходници – рече во своето излагање Чонески.
Мојата визија е мојот животен сон. Мојот животен сон e Крушево да биде место каде што ќе биде привилегија да се живее, налик на монденските градчиња по Алпите кои секој сака да ги посети, а никој не сака да си замине од нив – истакна Нико Чонески.
-Ние сакаме да менаџираме и да управуваме со општината, а не да владееме како до сега со непопуларни методи од типот на закани, притисоци и уцени. Тоа апсолутно ќе се смени и ветувам дека јас ќе се погрижам и никогаш да не се повтори, рече Чонески.