Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нова фаза за Сојузот на економисти: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нова фаза за Сојузот на економисти: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици
ЕКОНОМИЈА

Нова фаза за Сојузот на економисти: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици

Објавено April 11, 2025 19:17
Сподели
Сподели

Во време на економски предизвици и глобални трансформации, потребата од јасен, стручен и одговорен глас на економистите е поголема од кога било. Сојузот на економисти на Македонија – институција со повеќедецениска традиција и влијание – започнува нова фаза на ревитализација, обновена мисија и активно вклучување во јавниот и стручниот дискурс.

На денешното Годишно собрание оддржано во просториите на МАНУ, за претседател на Сојузот беше избран проф. д-р Борче Треновски, професор на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Во своето обраќање, тој истакна:

„Оваа институција – која повеќе од пет децении ги обединува економистите во земјата – повторно ќе стане отворена, стручно заснована и инклузивна платформа. Потребно е, повеќе од кога било, да ја реафирмираме улогата на економистите во унапредување на економската мисла и примената на знаењето во креирањето политики и подобрување на економското окружување во земјата. Сојузот треба да биде форум каде ќе се сретнат науката, практиката и јавниот интерес – со јасна улога и во националното и во глобалното економско окружување.“

Со новата визија, Сојузот ќе ги обедини академиците, истражувачите, професионалците од јавниот и приватниот сектор, како и новата генерација млади економисти, со цел заеднички да придонесат кон забрзан и одржлив долгорочен економски развој на Република Македонија, се вели во соопштението на Сојуз на економисти на Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
Следна Статија Путин и специјалниот американски претставник Виткоф на средба во Санкт Петербург

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам граѓаните кои не ги плаќаат своите обврски кон државата да бидат санкционирани и соодветно казнети

МВР, УЈП и Финансиската полиција се должни да го заштитат колективниот интересот на граѓаните и оние кои се обидуваат на…

June 10, 2025

Нвидиа зделката е голема победа за вработените и инвеститорите во Гроќ

Социјалните медиуми се полни со прашања за необичниот договор и неговото значење за вработените во Гроќ

December 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците

Трговците од денеска имаат обврска на дневна основа да ги објавуваат продажните цени на производите. Цените треба да бидат објавени…

April 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Три големи инфраструктурни проекти наскоро ќе се завршат, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да завршат најмалку три големи инфарструктурни проекти. -Очекувам, завршување на најмалку три инфраструктурни проекти, и тоа…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?