Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новинарите го бојкотираа Албин Курти – ги спуштија микрофоните додека тој ја напушташе зградата на Собранието
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Новинарите го бојкотираа Албин Курти – ги спуштија микрофоните додека тој ја напушташе зградата на Собранието
БАЛКАН

Новинарите го бојкотираа Албин Курти – ги спуштија микрофоните додека тој ја напушташе зградата на Собранието

Објавено April 24, 2025 10:25
Сподели
Сподели

Новинари и камермани од локалните медиуми го бојкотираа лидерот на Самоопределување, Албин Курти, при напуштањето на зградата на косовското собрание поради неговиот игнорантски став кон јавноста.

Медиумските работници, кои беа собрани пред зградата на Собранието на Косово, ги спуштија микрофоните и камерите на подот додека косовскиот премиер ја напушташе зградата, пренесе Кликс.ба.

Оваа акција на новинарите дојде како знак на протест бидејќи Курти не проговори ниту збор за медиумите во претходните седум дена, и покрај петте седници на Собранието одржани во тој период.


Курти и неговата партија, исто така, ги напаѓаат медиумите и новинарите кои се критични кон нив, обвинувајќи ги за врски со Србија. Така, тој се обиде да ја одземе лиценцата за работа на најголемата телевизиска станица во Косово – Клан Косова, а од предизборната кампања бојкотира многу медиуми.


Здружението на новинари на Косово ги повика сите политички актери, особено лидерот на партијата што освои најмногу места во Собранието, да бидат транспарентни со медиумите и јавноста за толку важна тема како што е конституирањето на косовското законодавно тело.


На 15 април, Курти поднесе оставка од функцијата премиер на Косово, потврдувајќи дека неговата влада е во технички мандат. Причината за неговата оставка е тоа што законите не му дозволуваат истовремено да извршува и извршни и законодавни функции, а Курти доби мандат во Собранието на Косово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Трамп на средба со воени ветерани: Значи сте ранети? Прилично добро, неверојатно
Следна Статија Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Повторно блокади на граничниот премин Евзони

Граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција и денеска ќе биде затворен за сообраќај на…

December 28, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Насилство во Ниш, повеќе десетина повредени, нападнат е и градоначалникот

Во Ниш вечерва драстично нарушување на јавниот ред и мир, а во насилството извршено од луѓе кои ги поддржуваат протестите…

March 21, 2025
БАЛКАН

Албанија го отвора првиот кластер на преговори за пристапување во ЕУ

Албанија денеска го отвора првиот т.н кластер на преговори за пристапување во ЕУ.  Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција…

October 15, 2024
БАЛКАН

(ФОТО) Студент од Србија со ланци на нозе доведен на погребот на неговиот татко, штрајкува со глад по продолжениот притвор

Студентите на Факултетот за технички науки во Нови Сад се огласија откако беа објавени фотографии на кои се гледа како…

September 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?