Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нови летови со „Виз ер“: Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од аеродромот во Скопје, Базел од Охрид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нови летови со „Виз ер“: Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од аеродромот во Скопје, Базел од Охрид
ЕКОНОМИЈА

Нови летови со „Виз ер“: Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од аеродромот во Скопје, Базел од Охрид

Објавено October 27, 2025 10:06
Сподели
Сподели

Новите пет авионски линии на „Виз ер“ – Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел почнуваат од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, денеска, 27 октомври и утре, 28 октомври, соопштуваат од ТАВ Македонија.

„Многу сум среќен што денеска, на почетокот на зимската сезона, пет нови авиолинии почнуваат од двата аеродроми, во Скопје и Охрид. Секако со поддршка на Владата и благодарение на посветеноста на ‘Виз ер’. Сигурен сум дека овие 5 дестинации дефинитивно ќе бидат посетени и сакам да додадам уште нешто, многу важно, дека овие нови дестинации кои ги најавувам, се избор на патниците, избор на оние патувачи кои што со нетрпение очекуваат да бидат повзрзани со овие градови од двата аеродроми, од овде во Македонија“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Новата линија Скопје – Стокхолм започна утрово со првиот лет во 6:05 часот. Овој пат „Виз ер“ лета до главниот аеродром во Стокхолм – Арланда. Првиот лет на линијата Скопјe – Бари ќе започне со полетување на „Виз“ ер до овој град на италијанскиот брег денеска во 14:40 часот. Oд аеродромот во Охрид, првиот лет за Базел полетува денеска во 12 часот.

Утре, на 28 октомври, ќе започне и новата линија Скопје – Мадрид, со првиот лет во 16:05 часот. Враќањето на линијата Скопјe – Ларнака ќе започне со лет што пристигнува од Ларнака до Скопјe утре во 7:15 часот.

Летовите кои што започнуваат денеска, 27 октомври, од Скопје до Стокхолм и Бари, како и од Охрид до Базел, ќе се одвиваат два пати неделно – секој понеделник и петок.

Летовите кои што започнуваат утре, 28 октомври, од Скопје до Мадрид, ќе се реализираат секој вторник, петок и сабота, а од Скопје до Ларнака – вторник и сабота.

Како што соопштуваат од TАВ Македонија, тие очекуваат голем обем на патнички сообраќај на сите пет нови линии на „Виз ер“, имајќи го предвид фактот дека сите овие градови се атрактивни туристички дестинации, кои беа барани од патниците.

Од петте нови линии што започнуваат денескa и утре, Мадрид и Бари се целосно нови дестинации за македонскиот пазар, односно главниот град на Македонија за првпат ќе биде поврзан со шпанската престолнина и со италијанскиот крајбрежен град.

Ларнака и Базел се повторно воспоставени линии, додека Скопје – Стокхолм е нова авионска линија, бидејќи „Виз ер“ отсега ќе лета кон главниот аеродром во шведската метропола – Арланда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонски танчари станаа светски шампиони, Љубљана обоена во црвено-жолто
Следна Статија Уапсен разбојник во филијали за брзи кредити, поднесена му е кривична пријава и определен му е притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Божиновска: За „Чебрен“ и „Галиште“ ќе се одбере најдобрата опција, неколку фирми заинтересирани за изградба на две когенеративни централи

Би сакале тоа да биде наш проект. Ќе ги разгледаме сите опции, а ќе ја избереме таа што ќе биде…

May 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа…

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски – Табаро: Одличната соработка ќе ја надградуваме во делот на железницата, автопатиштата и ависобоораќајот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на работната посета на Франција, утрово остварил средба со министерот за…

June 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

За да се намали цената на станбениот квадрат: Николоски најави изградби на станбени згради во Битола, Штип и Скопје

Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПДП) прави план за изградба на нови станбени згради во Битола,…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?