Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството побара притвор за директорот и за управителот на „Комунална хигиена“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителството побара притвор за директорот и за управителот на „Комунална хигиена“
ХРОНИКА

Обвинителството побара притвор за директорот и за управителот на „Комунална хигиена“

Објавено October 28, 2025 14:11
Сподели
Сподели

Скопското обвинителство побара притвор за в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми, и за еден управител за отпад во претпријатието во рамките на истрагата што се води против нив за кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад.

Осомничените, од кои едниот в.д. директор, а другиот управител за отпад во ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје, заедно постапиле спротивно на Законот за управување со отпадот и на својата основна дејност за редовно собирање и транспортирање безопасен отпад на подрачјето на град Скопје, како и на обврските предвидени во оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и на оперативниот план за одржување на јавната чистота во градот. Со пропуштање на целосниот надзор над собирањето и транспортирањето комунален отпад, како и со непрописното управување со отпадот, тие овозможиле во текот на месецот да се создадат мали депонии на јавни и сообраќајни површини во близина на предвидените садови за собирање комунален отпад со што предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата и ги довеле во опасност животот и здравјето на луѓето од предизвикување заразни или други болести“, велат од Обвинителството.

Од таму додаваат дека ваквите сомненија се утврдени и констатирани со вонредните инспекциски надзори од овластените локални инспектори за животна средина кои излегоа на терен по насоки на јавното обвинителство, како и со експертско мислење за влијанието на отпадот врз јавното здравје и можноста за ширење заразни заболувања од ЈЗУ Институт за јавно здравје.

„Поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени“, соопшти Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДИК ги објави конечните резултати за 44 општини: Во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето
Следна Статија Годишно во Македонија има по 5.000 мозочни удари, најмладиот има само 15 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Предложен притвор за битолчанец кој нападнал доктор, па потоа полицаец

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз…

July 1, 2025
ХРОНИКА

Македонска државјанка загина во Будва, едно лице уапсено

Државјанка на Македонија, О.П.(73) загина синоќа кога во неа удрило возило додека ја преминувала улицата во близина на зградата на…

December 1, 2024
ХРОНИКА

Притвор од 30 дена за осум лица по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на државниот буџет

Мерка притвор во траење од 30 дена е определена за осум лица поврзани со вчерашната акција во Управата за јавни…

January 17, 2026
ХРОНИКА

18-годишник се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште

Вчеравечер (12/13.03.2026) во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од…

March 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?