Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството постапува во врска со евентуално кривично дело поврзано со отпадот во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Обвинителството постапува во врска со евентуално кривично дело поврзано со отпадот во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството постапува во врска со евентуално кривично дело поврзано со отпадот во Скопје

Објавено October 21, 2025 19:02
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје.

Како што информираат од ЈОРСМ, јавниот обвинител издал наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП „Комунална хигиена“.

Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден инспекциски надзор и да ја констатираат моменталната состојба.

Владата претходно соопшти дека го задолжила Министерството за внатрешни работи во координација со Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје да извршат вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во Комунална хигиена со цел да се утврди состојбата со отпадот во главниот град и да се преземат соодветни мерки.

– Состојбата е алармантна и иако надлежноста е на Град Скопје, поради континуираното непостапување, ги повикуваме институциите веднаш да постапуваат по донесените заклучоци на Владата, се наведува во соопштението испратено од владината прес-служба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицајци спасија лице кое се обидело да се фрли од мост во Куманово
Следна Статија Мицкоски на прием кај кралот Чарлс- Средби на македонски и британски министри во Лондон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Безбедноста на жичницата на Водно е по сите пропишани стандарди, велат од ЈСП Скопје по реакциите дека била небезбедна

Безбедноста на жичницата на Водно е по сите пропишани стандарди. Таа има валиден безбедносен сертификат до 25 септември годинава. Во…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Дојранското Езеро повторно му се заканува еколошка катастрофа ако не проработи системот за полнење и нема врнежи

Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри…

August 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена

За Македонија Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен…

November 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Херојот Јован Костадинов е во добра состојба, за неколку дена ќе биде пуштен од болница

Деветнаесетгодишниот херој Јован Костадинов од Виница кој без размислување неколку пати влегол во големиот пожар во Кочани и успеал да…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?