Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителство се откажа од обвинението против Максим Димитриевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Обвинителство се откажа од обвинението против Максим Димитриевски
МАКЕДОНИЈА

Обвинителство се откажа од обвинението против Максим Димитриевски

Објавено July 3, 2025 13:51
Сподели
Сподели

Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, се наведува во соопштението од кумановскиот суд, објавено на нивната веб-страница.

„Основниот суд Куманово заради интерес на јавноста за постапката по предметот на Основен суд Куманово К-115/24 против обвинетиот М. Д. од Куманово за кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст. 4 в.в. со ст. 1 од КЗ, известува дека на ден 1 јули годинава, донесена е пресуда со која обвинението се одбива согласно на член 402 ст. 1 т. 3 од Законот за кривична постапка, затоа што јавниот обвинител со поднесок од ден 30 јуни годинава се откажа од обвинението“,се вели во соопштението.

Кумановското Основно јавно обвинителство, обвинението за злоупотреба на службена положба против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, го поднесе во март минатата година.

Обвинението против него се заснова на две кривични пријави поднесени од две локални фирми кои го пријавиле Димитриевски дека не им издал градежна дозвола, односно да платат комуналии за изградба на зграда според важечки Детален урбанистички план. Со тоа, како што велат тие, кумановскиот градоначалник им нанел штета од околу 55 000 евра.

Димитриевски, пак, велеше дека тогашната власт преку некакви неосновани кривични пријави за наводна злоупотреба на службена положба и овластување се обидува да го дискредитира и девалвира во очите на јавноста пред претстојните претседателски избори, на кои тој беше кандидат.

Тој сметаше дека еден од подносителите на кривичната пријава е потврден финансиер на една од тогашните актуелни партии на власт кој има личен интерес да изгради станбен објект од 11 ката на локација за која, како што велеше Димитриевски, има известување од две институции – гимназијата „Гоце Делчев“ и Здравствениот дом Куманово дека со градбата им е загрозен јавниот интерес.

Завршните зборови во овој судски спор беа закажани за утре.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: На талибански начин се избришани македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕП
Следна Статија Судијката Даниела Димовска избрана за в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски оствари бројни средби со европски челници на Самитот на европската политичка заедница, ќе има и свое обраќање

Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на европската политичка заедница, кој започна предмалку. -Денеска заедно со министерот за надворешни работи…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Трансформираниот портал Услуги.гов.мк нуди над 100 услуги за граѓаните и компаниите

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска во Скопје, го промовираше трансформираниот портал Услуги.гов.мк со кој се нудат над 100…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Се роди Југ, синот на починатиот Игор

Се роди Југ, синот на прерано починатиот Игор, еден од обвинетите за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017.…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сведоштво од „Пулс“: И по лекувањето во Штип, Скопје и Грац состојбата ми е критична, сатурацијата ми паѓа на 65

Потресно сведочење денеска во судницата за пожарот во дискотеката „Пулс“. Дејан Манасиев, кој со години работел како шанкер во објектот,…

February 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?