Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обратете внимание: Предупредувачки знаци дека вашето тело е преоптоварено со токсини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Обратете внимание: Предупредувачки знаци дека вашето тело е преоптоварено со токсини
ЗДРАВЈЕ

Обратете внимание: Предупредувачки знаци дека вашето тело е преоптоварено со токсини

Објавено April 20, 2025 15:22
Сподели
Сподели

Хипократ уште во антички времиња тврдел дека сите болести почнуваат во цревата, а иако тековите на медицината значајно се имаат променето низ вековите, современата наука и понатаму ја потврдува оваа мудрост.

Ова се четирите знаци дека вашето тело е преоптоварено со токсини и дека можеби затоа тешко ги симнувате килограмите…

1.Непријатен здив

Лошиот здив не мора да биде само последица на лоша орална хигиена, тоа честопати е сигнал дека во телото, особено во црниот дроб и цревата, се задржуваат токсини. Иако непријатните мириси честопати им се припишуваат на бактериите во усните, нарушувањата во системот за варење можат значително да придонесат за овој проблем. Правилната хигиена на усната празнина, вклучувајќи го и чистењето на јазикот, како и консумацијата на билки како магдонос и коријандер, можат да помогнат во природниот процес на детоксикација.

2.Подуеност и бавно варење
Ако имате впечаток дека цревата ви се мрзеливи, тоа може да укажува на задржување на токсините во телото подолго одошто би требало. Таквата состојба не само што предизвикува подуеност и чувство на тежина, туку со текот на времето може да го наруши и општото здравје. Редовното празнење на цревата е од клучно значење за елиминација на штетните материи. За да ја подобрите дигестијата, се препорачува зголемено внесување течности, повеќе движење, како и користење пробиотици и растителни чаеви кои ја стимулираат работата на цревата.

3.Пречувствителност на мириси
Доколку забележите дека многу ви пречат јаките мириси, ви предизвикуваат главоболка или мачнина, тоа може да биде знак дека процесите на детоксикација во вашето тело не се доволно ефикасни. Црниот дроб, како главен орган за елиминација на токсини, може да е преоптоварен, што доведува до засилена чувствителност на сетилата. Билките како маточина, коријандер или магдонос, кои се познати по своето детокс-дејство, можат да придонесат за растоварувањето на овој важен орган.

5.Отпорност на слабеење
Ако се обидувате да ослабете, но резултатите изостануваат, причината може да лежи во насобраните токсини. Одредени токсини, како пестицидите и диоксинот, се таложат во масните клетки и го нарушуваат нормалниот процес на согорување масти. Во таква ситуација, телото се „брани“ така што задржува масни наслаги, бидејќи тука се складираат токсините. Детоксикацијата, со правилна исхрана, доволно пиење вода и лековити билки, може да му помогне на организмот да се ослободи од вишокот штетни материи и полесно да постигне баланс и слабеење.
Ако го слушате вашето тело и ги препознаете овие сигнали навреме, ќе можете да му помогнете. Промените во начинот на исхрана, почестото движење и воведувањето детокс-рутини можат значително да придонесат за подобро здравје, виталност и чувство на леснотија. Вашето тело ќе ви биде благодарно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овој хороскопски знак ќе има магично лето: Ќе им цутат рози на сите полиња, а парите ќе се лепат за нив
Следна Статија Пронајден починат маж во парк во Карпош, наредена обдукција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Месец на машко здравје – карциномот на простата втора причина за смртност кај мажите

Карциномот на простата е втора причина за смртност кај мажите…Скрининг, навремена посета на уролог и да не се молчи за…

November 3, 2024
ЗДРАВЈЕ

Седум намирници за природна детоксикација на црниот дроб: Ги чисти мастите и ги исфрла токсините

Храната богата со растителни влакна и антиоксиданси може да помогне во детоксикацијата на црниот дроб. Таа го поддржува елиминирањето на…

August 6, 2025
BlogБАЛКАНЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување

Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што…

September 26, 2024
ЗДРАВЈЕ

По 6 недели лекување: Двајца пациенти хоспитализирани во Пловдив, ќе бидат пуштени дома

Двајца пациенти кои беа на лекување во Пловдив по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе бидат пуштени на дома.…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?