Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ова не е буцни прачка, пиј вино, се постапува за случаи со дивоградби во Чаир, вели Тошковски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ова не е буцни прачка, пиј вино, се постапува за случаи со дивоградби во Чаир, вели Тошковски
МАКЕДОНИЈА

Ова не е буцни прачка, пиј вино, се постапува за случаи со дивоградби во Чаир, вели Тошковски

Објавено July 5, 2025 12:53
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време. Потврди дека има наредба од јавен обвинител и се постапува.

Тој на прес-конференција во Владата за резултатите од првата година од мандатот истакна дека за разлика од претходно сега имало неселективна и бескомпромисна борба против секој кој се огрешил пред законот.

За разлика од претходно, сега МВР покажува дека можело да има неселективна и бескомпромисна борба спрема секој еден кој ќе се огреши пред законот. Го покажавме тоа, со постапувањето против врховни судии, член на обезбедување на премиер, актуелни директори, министри, директори на институции кои што злоупотребувале буџет, актуелни, поранешни, и градоначалници. Мислам дека македонскиот народ конечно гледа разлика како се постапувало и како треба,го гледа тоа, го чувствува, рече Тошковски, во одговор на новинарско прашање.

Ниеден предмет во интерес на јавноста, посочи, нема да биде оставен под знак прашалник.

Во однос на тоа дали има наредба од страна на јавен обвинител, да, има и постапуваме. Ве уверувам дека како за сите предмети за кои се постапувало под ова раководство така и во иднина нема да оставиме под знак прашалник ниеден конкретен предмет во интерес на јавноста. Во однос на сите ќе постапуваме така како што и прилега на една европска земја. За разлика од тие претходно не сме европјани само декларативно, тоа го покажуваме со дела, подвлече министерот Тошковски.

Во однос на тоа дали е утврден случај на дивоградба во Чаир рече дека не знае, но увери дека се постапува и оти резултатите ќе се видат наскоро.

Има наредба од јавен обвинител и Министерството постапува по неа. Ќе се видат резултатите, ова не е буцни прачка, пиј вино. Ве уверувам дека како и за сите предмети, нема да оставиме под знак прашање ниту еден предмет, ќе постапиме како во секоја европска држава, рече Тошковски,

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се менуваат закони за „Безбеден град“, најавени поригорозни мерки
Следна Статија Повредени патници, откако избувнал пожар во авион на „Рајенер“ во Палма де Мајорка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите, соопшти предмалку партијата. -Сигурни сме дека институциите активно ќе се спротивстават на…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Св Илија – Клучарот на небото и заповедник на грмотевиците: Честит именден Илија, Илко, Илинка, Илина, Илчо…

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јули. Денеска е Св. пророк Илија-Илинден. Во народното верување свети Илија…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, Тошковски најави зајакнување на капацитетите за безбедност во сообраќајот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски денес…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Чомовски откри дека „Топ тема“ на Телма била продадена на Американците

Во вчерашното издание на емисијата „Топ тема“ гостин-водител беше некогашниот новинар на Телма Александар Чомовски. На крајот на емисијата тој…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?