Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одложено утрешното рочиште за „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Одложено утрешното рочиште за „Пулс“
ХРОНИКА

Одложено утрешното рочиште за „Пулс“

Објавено February 18, 2026 17:22
Сподели
Сподели

Утрешното рочиште на кое треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ е одложено поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот, кој се наоѓа на болничко лекување во Општата болница во Кочани, соопштија од Кривичниот суд.

Во текот на денешниот ден претседателот на судечкиот совет, кој постапува по предметот, изврши телефонски контакти со докторите кои се задолжени за неговото лекување, кои го известија дека обвинетиот не е во состојба да присуствува на оваа главна расправа, но уверуваат дека неговата здравствена состојба ќе се подобри и тој ќе може да продолжи да ја следи главната расправа – стои во соопштението од Кривичен.

Следниот насрочен термин е 25 февруари, а судењето се наоѓа во доказна постапка со изведување докази од страна на Обвинителството.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Притвор од 48 часа за двајца Македонци осомничени за шверцот на 5 тона марихуана во Србија
Следна Статија Мицкоски: Очекувам преку Договорот со САД билатералната соработка и трговија да се зголеми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Македонски државјанин се удави во Драч

Tрагедија на албанското крајбрежје – 66-годишен македонски државјанин го загуби животот во морето кај Драч, на плажата во близина на…

July 22, 2025
ХРОНИКА

Загина пешак на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, во него удрил „пасат“ од Србија

Пешак загина на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, откако во него удрил „пасат“, управуван од државјанин на Србија, соопшти денеска СВР…

October 30, 2024
ХРОНИКА

Тешко повреден моторџија кој удрил во стадо овци во демиркаписко

48-годишен мотоциклист од Неготино е тешко повреден откако вчера околу пладне удрил во стадо овци на локален пат во демиркаписко,…

March 10, 2025
ХРОНИКА

Предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати во фаза на истрага, вели бранителот на Видевски

Предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, според бранителот на еден од обвинетите Боре Видевски, адвокат Бојан Манев,…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?