Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одредени ланци на супер маркети преку скриен маркетинг ги изигруваат законите, тоа нема да толерираме, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Одредени ланци на супер маркети преку скриен маркетинг ги изигруваат законите, тоа нема да толерираме, вели Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Одредени ланци на супер маркети преку скриен маркетинг ги изигруваат законите, тоа нема да толерираме, вели Мицкоски

Објавено August 15, 2025 12:34
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека нема да толерираат дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети, коишто, како што рече, преку скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите.

И последните состаноци коишто ги имавме на оваа тема со експерти се во таа насока дека главен драјвер, главен поттикнувач на сето ова претставуваат услугите и анализиравме во проценти во одредени сектори тие се зголемени за повеќе од 20 проценти. Тука ние како Влада не можеме премногу, немаме голем маневарски простор за да интервенираме. Но, секако со ваквиот начин на однесување каков што е еве да речеме, пред почетокот на учебната година ограничување на маржите, а како репер да бидат цените од 1 јуни за училиштен прибор, опрема и друг тип на помагала коишто им се потребни на учениците, но и да го олеснат, би рекол, во поднослива состојба биде семејниот буџет, ние тоа ќе го правиме. И тоа го правиме. Верувајте дека анализата покажа дека ад хок ограничување на маржи се прелева во месеците кои што следат. Сега тука има една дилема ако воспоставиме еден континуитет цела година, тогаш дали имаме пазарна економија? Дали имаме пазарна економија и дали маме општество коешто се темели на пазарната и слободна економија? Но, тоа не значи дека ќе толерираме дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети, коишто преку скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите, рече Мицкоски по презентацијата на новите 29 лесни оклопни возила – JLTV во Касарната „Јане Сандански“ – Штип во одговор на новинарско прашање.

Премиерот најави дека Комисијата за заштита на конкурентноста многу скоро ќе излезат на терен и ќе следат санкции за скриените „маркетинг услуги“.

И за ова многу сериозно се занимава Комисијата за заштита на конкурентноста. Многу скоро ќе излеземе на терен, веќе ја зајакнавме кадровски, се примија нови луѓе. Ќе се излезе на терен и овие скриени „маркетинг услуги“ кои дел од снабдувачите, производителите и трговците ги поставуваат во синџирите супер маркети за на подобро место да стои неговиот производ ќе биде жестоко, верувајте жестоко санкционирани. Тоа е едниот начин, рече тој.

Мицкоски потенцира дека вториот начин е обидот да интервенираат во делот на услугите.

И тука исто така во рамките на можностите. Ние не можеме да ги ограничиме рестораните, кафулињата итн. или транспортните компании која е цената која што тие ќе ја постават за таа услуга. Ќе повторам се додека може таа услуга некој да ја плати, тие за жал, ќе ја качуваат, и тоа ќе влијае негативно во конечната инфлација. Така што и тука ќе имаме исто така мерки, рече тој.

Премиерот нагласи дека резонирањето и размислувањето во иднина ќе биде во делот на зголемување на продуктивноста.

И во делот што се однесува на примањата, резонирањето и размислувањето во иднина ќе биде во делот на зголемување на продуктивноста. Поврзување на продуктивноста со зголемување на личните доходи. Да, тоа може да има за нас и политички последици, ќе има и сигурно некои што ќе бидат незадоволни, но подобро еве да ги имаме тие политички последици сега отколку граѓаните на долг рок да чувствуваат ваков тип на би рекол, неконтролирана инфлација. Иако морам да кажам дека во рамките на јули месец ние се движиме во рамките на тие 4,5 проценти инфлација како и сите држави во регионот од Унгарија, од Словенија па се до Грција. Така што, ова е еден поопфатен пристап којшто очекуваме дека на среден рок ќе даде исклучително големи резултати, рече премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР се дигитализира: Ако изгубите лична карта, отсега ќе си извадите нова за многу брзо време
Следна Статија Осумнаесетгодишен Македонец осомничен за обид за убиство на член на „Шкаљарскиот клан“ во Црна Гора

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Вторник почнува постапката: Нови локомотиви, модернизирани станици и брз воз со кој за час и пол ќе стигаме до Солун

Се надзираат контурите за почеток на најголемиот инфраструктурен проект во регионот. Формирање на координативното тело во вторник и започнување на…

June 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Со Оперативниот план ќе се вработат 400 пожарникари за справување со пожарите

Оперативниот план 2025, насловен „Визија за промена“, предвидува мерки кои ќе ја трансформираат Македонија и ќе го подобрат животот на…

June 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Исплатени 23,5 милиони евра на граѓаните од Првата граѓанска обврзница

Министерството за финансии денеска објави дека успешно е завршена исплатата на главницата и каматата за првата граѓанска обврзница, издадена во…

July 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска-Агелер: Силно партнерство со САД, разговори за енергетска иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?