Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од април до сега уапсени се 56 лица за предизвикување пожари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Од април до сега уапсени се 56 лица за предизвикување пожари
ХРОНИКА

Од април до сега уапсени се 56 лица за предизвикување пожари

Објавено September 23, 2025 18:35
Сподели
Сподели

32 поднесени кривични пријави до сега во врска со пожари на отворен простор, лишени од слобода 56 лица.

Министерството за внатрешни работи извести дека во периодот од 01.04.2025 до 23.09.2025 година, регистрирани се вкупно 2.012 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 56 лица, а по преземени мерки поднесени се 32 кривични пријави.

Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност.

Воедно ве известуваме дека од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до 23.09.2025 без писмено одобрение за движење во шума, биле затекнати 27 лица. Против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Закон за шуми“, се вели во објавата на МВР.

Во насока на рана превенција од пожари, полициските служби употребуваат дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата.

Со воведувањето на овие оперативни мерки зголемена е ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, како и детектирањето на можните причини или причинители на истите, информираат од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Влада: Отфрламе какво било селективно или ограничено информирање на медиумите до информации од јавен интерес
Следна Статија Муцунски од Њујорк: Цврсто ги застапуваме позициите на државата, водејќи сметка за националните интереси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Малолетници принудувале врснички полово да ги задоволуваат, за што поседувале и снимки

Двајца малолетници од Битола со закани принудувале врснички полово да ги задоволуваат, бидејќи поседувале компромитирачки материјал за нив. Ова го…

March 29, 2025
ХРОНИКА

Семејството на Фросина се заблагодари до Пандов: „Ја враќате вербата дека државата конечно функционира“

Семејството на Фросина Кулакова која загина на пешачки премин на булеварот Партизански одреди пред пет дена, се заблагодари на раководството…

February 2, 2025
ХРОНИКА

Завршните зборови на Обвинителството за убиството на Вања и Панче презакажани за 9 јуни

Судењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо,…

May 30, 2025
ХРОНИКА

Пратеникот на Левица Сашко Јанчев е приведен, учествувал во сообраќајка, повредени се двајца малолетници

Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев е приведен откако ноќеска бил учесник во сообраќајна несреќа во која има повредени двајца малолетници.…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?