Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од ДУИ велат дека Владата ја блокира европската иднина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Од ДУИ велат дека Владата ја блокира европската иднина
ПОЛИТИКА

Од ДУИ велат дека Владата ја блокира европската иднина

Објавено September 20, 2025 14:23
Сподели
Сподели

Портпаролот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми, денеска изрази длабока загриженост поради, како што посочи, очигледниот застој на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, за што ја обвини актуелната влада.

ДУИ укажа дека додека земји од регионот, како Црна Гора и Албанија, бележат напредок во преговорите со Европската Унија, Северна Македонија останува единствената земја која сè уште нема отворено ниту едно преговарачко поглавје.

ФОТО: ДУИ

„И покрај долгогодишните напори и спроведени реформи, нашата земја останува заглавена. Ова е резултат на блокирачки политики, политичка неспособност и отсуство на искрена волја кај владата“, изјави Адеми.

ДУИ потсети дека партијата ВРЕДИ – коалициски партнер во владата – јавно ветила уставни измени како предуслов за учество во извршната власт, но досега, според ДУИ, тие ниту го исполниле ветувањето, ниту презеле конкретна иницијатива.

„ВРЕДИ тврдеше дека ‘нема влада без уставни измени’, но останаа во владата и покрај непочитувањето на сопствените зборови. Дури и кога се политички отфрлени, тие се враќаат низ прозорец во проектот што ја шири агендата на ‘Српскиот свет’ во Македонија“, рече Адеми.

ДУИ предупредува дека ваквиот застој го загрозува не само евроинтеграцискиот процес, туку и духот на Охридскиот рамковен договор, кој беше темел за стабилност и еднаквост во земјата.

„Бараме итно отворање на преговарачките поглавја и отстранување на сите обструкции. Полноправното членство во ЕУ останува единствената гаранција за стабилност, безбедност и развој на државата“, нагласи Адеми.

ДУИ, како што потенцира, останува доследна на европскиот пат на Северна Македонија и ќе продолжи да се бори за реализација на оваа стратешка цел.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обезбеден е хормон за раст и веќе нема листа на чекање, но нема доволно специјалисти педијатри ендокринолози
Следна Статија Нова мистериозна смрт на руски енергетски директор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува за координиран напад од ВМРО-ДПМНЕ

Правиме уште едно разоткривање на организираната кампања која се води против СДСМ од страна на власта, изјави денеска Петар Огњеновиќ,…

December 27, 2025
ПОЛИТИКА

На 97 години се кандидира за советничка на Битола

Највозрасниот кандидат за член на Советот на Општина Битола има 97 години, потврдија за МИА од Општинската изборна комисија во…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Овие избори нема да бидат вратата на ДУИ за во Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе рече дека на овие…

August 23, 2025
ПОЛИТИКА

Митева: ДУИ да се навикне на опозиција, барањата за предвремени избори се несоодветни

Портпаролката на Владата, Марија Митева беше во „Дејли Клик“ на ТВ21. Таа зборуваше за барањето на ДУИ за предвремени парламентарни…

November 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?