Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од 1 март започнува примена на засилена автентикација при електронски плаќања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од 1 март започнува примена на засилена автентикација при електронски плаќања
ЕКОНОМИЈА

Од 1 март започнува примена на засилена автентикација при електронски плаќања

Објавено February 17, 2026 10:20
Сподели
Сподели

Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека согласно Законот за платежни услуги и платни системи, со кој во националното законодавство е транспонирана Директивата (ЕУ) 2015/2366 за платежни услуги на внатрешниот пазар (PSD2), од 1 март 2026 година започнува примената на засилена автентикација на корисниците (Strong Customer Authentication – SCA) при извршување одредени платежни трансакции.

Засилената автентикација ќе се применува кај платежни трансакции иницирани на далечина, и тоа:

плаќања со платежни картички при електронска трговија, како и

кредитни трансфери иницирани преку интернет-банкарство или мобилни апликации на банките.

Воведувањето на засилената автентикација има за цел подигнување на нивото на безбедност на електронските плаќања, намалување на ризикот од неовластени трансакции и подобра заштита на корисниците на платежни услуги, при што електронските и дигиталните плаќања ќе продолжат да се извршуваат непречено, со дополнителен безбедносен чекор.

Засилената автентикација се заснова на користење на најмалку два од следните три меѓусебно независни елементи:

Елемент на знаење – нешто што го знае корисникот (на пример лозинка или ПИН),

Елемент на поседување – нешто што го поседува корисникот (на пример мобилен уред, токен или платежна картичка),

Елемент на својство – нешто што е својствено за корисникот (биометриски податоци, како отпечаток од прст или препознавање лице).

  1. Во таа насока, досегашните начини на потврда на трансакции, како што се еднократни кодови доставени преку СМС или електронска пошта, кои се користат во рамки на постојните 3-D Secure решенија, ќе бидат заменети или надградени со посовремени и побезбедни механизми, во согласност со барањата на засилената автентикација.

Секоја банка, согласно законската рамка и сопствените технички и организациски можности, самостојно ќе го дефинира моделот на засилена автентикација, односно комбинацијата на елементи што ќе ги применува, поради што начинот на автентикација и корисничкото искуство може да се разликуваат од банка до банка.

Во рамки на процесот на воведување на засилената автентикација, банките ќе пристапат кон информирање и едукација на своите клиенти за применуваните решенија, постапките за автентикација и практичните чекори при извршување на платежни трансакции, преку сопствените комуникациски канали.

 

Примената на засилената автентикација претставува значаен чекор во усогласувањето на платниот систем со европската регулаторна рамка, придонесувајќи кон зголемена сигурност, доверба и заштита на корисниците при користење на современите електронски платежни услуги.

Македонската банкарска асоцијација, заедно со банките-членки, останува посветена на унапредување на безбедноста и стабилноста на платниот промет, како и на поддршка на процесите на дигитализација и модернизација на платежните услуги.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина Шутаро Ида, креативен директор на Bloodstained: The Scarlet Engagement
Следна Статија Израелски напад на границата меѓу Либан и Сирија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Куклата „Лабубу“ и донесе профит од речиси 600 милиони евра на компанијата „Поп Март“

Кинеската компанија „Поп Март“, производител на популарните кукли „Лабубу“, објави извонредни деловни резултати. Во првата половина од 2025 година, нето…

August 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски од Неготино: Субвенциите се исплатени, очекуваме уште повисоки откупни цени

По повод празникот Св. Трифун, кој традиционално се смета за најзначаен ден за лозарите и винарите од Тиквешкиот Регион, заменик-претседателот…

February 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Лагард: Странските работници ја поттикнаа економијата на еврозоната

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, вчера изјави дека доаѓањето на работници од странство ја стимулирало економијата во…

August 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените до плафон: Стан во Скопје се продал за 3.070 евра за метар квадратен

Директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски, во гостување во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 откри дека највисоката тргувана цена на…

November 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?