Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од 2016 година во Македонија не функционира Центарот за изгореници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Од 2016 година во Македонија не функционира Центарот за изгореници
ЗДРАВЈЕ

Од 2016 година во Македонија не функционира Центарот за изгореници

Објавено March 19, 2025 14:05
Сподели
Сподели

Од 2016 година во државава не функционира Центарот за изгореници. Иако тој се уште фигурира на официјалната веб страница на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, во пракса, не постои.

Првиот официјален центар за изгореници во земјава е формиран во рамки на Воената болница во Скопје под раководство на полковник д-р. Крсте Митановски д-р.сци.мед. Центарот е затворен за да се ослободи простор за приватната Кардиохирургија „Жан Митрев”.

Вториот Центар за третман на изгореници е отворен во септември 2000 година во тогашна стара Градска општа болница, односно сегашна Клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски” во Скопје. Во јули 2016 година, Центарот е ставен во функција и во него работеле специјалисти и субспецијалисти по пластична и реконструктивна хирургија.

Прим. д-р Добрила Андоновска, која работела во овој Центар, во објава на Фејсбук во детали објаснува дека Центарот функционирал како посебен оддел на Одделението за пластична и реконструктивна хирургија, сместен во посебен дел од болницата со посебен надворешен влез и дека бил опремен со најсовремена опрема.

– Центарот беше опремен со најсовремена опрема од Јапонската Влада – Интензивна нега со два Клинитронови системи од француско потекло, какви што постоеја во регионов единствено во Пирогов – Софија (околу 40 – 50 на број). Овие компјутеризирани системи овозможуваа специјални микроклиматски услови: аерација, температура, влажност и пациентите лежеа како во бестежински простор на ,,кади” исполнети со силиконски песок кој ,,врие” поради проток на воздух. Центарот располагаше со посебна операциона сала за изгореници каде шесте специјалисти по пластична хирургија, тимски со врвните анестезиолози, вршеа оперативни зафати и преврски во општа анестезија. Центарот беше опремен и со респиратор донација од Макстил. Освен интензивната нега постоеше и болничка соба со два кревети, што значи дека капацитетот беше за 4 пациенти со екстензивни изгореници, а со нивно подобрување се префрла, по потреба, на одделението за Пластика со 15 кревети. Беше формирана и Банка на амнионски мембрани (во соработка со Гинекологија – Чаир) по пример на Пирогов и други центри, појаснува Андоновска.

За период од петнаесет години и пет месеци во Центарот се лекувале 1316 пациенти со екстензивни изгореници, просечно 84 пациенти годишно со екстензивни, живото-загрозувачки изгореници, голем број од нив со политраума. Дополнително, околу 20 – 30 пациенти годишно со друга тежина на изгореници се лекувале на одделенијата за Пластична хирургија и за Детска хирургија

– Во Центарот се лекуваа и странски државјани како приватни пациенти и имаше тенденција да прерасне во регионален Центар, вели Андоновска во објавата.

По трагичната несреќа во Кочани, најголем дел од повредените се пренесени на лекување во соседството и држави во Европа. Министерот за здравство денеска на прес-конференција соопшти дека вкупно 178 пациенти се лекуваат во различни здравствени установи. Од нив, 64 се во државните клиники во земјава, а 13 пациенти се сместени во приватните болници. Надвор од државата се лекуваат 101 пациент. Сите се во релативно стабилна состојба. Во земјава се пристинати и медицински тимови од Израел, Чешка, Белгија и Србија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доктор Стојаноски: Во Македонија се хоспитализирани 64 пациенти, трансферирани се 101
Следна Статија Тошковски: Началници и инспектори допринеле за ужасната трагедија преку изготвување на незаконски документи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Да се носат маски, да не се вклучува клима: ИЈЗ со препораки за заштита од штетното влијание на пожарите

Институтот за јавно здравје објави серија препораки за граѓаните во однос на масовните пожари кошто горат околу Скопје, но и…

July 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Ги имате овие симптоми? Проверете дали имате недостаток на витамин Ц

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје.…

October 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот пожар во дискотеката „Пулс“ која работела со фалсификувана…

June 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Работиме и прекувремено, но ни праќаат пациенти од цела Македонија и без јасна потреба од итност, вели Николова од Институтот за радиологија за недостатокот на термини

Грижата за здравјето е најважен сегмент за долг и квалитетен живот. Тоа подразбира здрави навики и навремени прегледи, кои се…

May 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?