Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Омерагиќ: ФФМ е во минус од еден милион евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Омерагиќ: ФФМ е во минус од еден милион евра
СПОРТ

Омерагиќ: ФФМ е во минус од еден милион евра

Објавено March 15, 2025 11:51
Сподели
Сподели

Првиот човек на фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ на денешното редовно изборно собрани на ФФМ зборуваше за затекната состојба во „Куќата на фудбалот“.

Како што вели Омерагиќ свесен бил за големиот предизвик со кој се соочува, но состојбата која ја затекнал била покомплицирана.

„Денес, по речиси три месеци од преземањето на функцијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија, пред вас стојам со обврска да ви се обратам отворено, искрено и одговорно. свесен бев дека ме очекуваат големи предизвици, но затекнатата состојба во федерацијата беше покомплицирана од очекуваното“, истакна Омерагиќ.

Финансиската состојба која ја затекнал не била на најдобро ниво.

Важно е да зборуваме транспарентно за финансиската состојба, бидејќи секоја стабилна и успешна организација мора да се потпира на одговорно управување со средствата.

Факт е дека во изминатите две години федерацијата имала повеќе расходи отколку приходи. Ова е сериозен предизвик што укажува на потреба од подобро планирање, поголема контрола и појасна финансиска стратегија. Само во реалното работење, федерацијата е во минус од еден милион евра.

Проблем била и академијата каде што се развиваат младите фудбалери.

Фудбалската академија, која треба да биде срцето на развојот на нашиот спорт, се соочуваше со сериозни предизвици – недоволни услови за работа, непродуктивни трошоци и пробиен буџет. Без јасна стратегија и без вистинска поддршка за младите таленти.

Младинските категории, кои се основата на секоја репрезентација, немаа доволна поддршка и јасен долгорочен план за развој. Потребно е подобро организирање, како и повеќе ресурси за нивен напредок.

Дополнителен проблем беше и состојбата на административната зграда, која треба да ја симболизира сериозноста и професионалноста на федерацијата. Се соочивме со предизвици и во односите меѓу вработените, што дополнително влијаеше на ефикасноста на работењето.

Од особена важност е прашањето за инвестициските фондови за инфраструктура. Средствата предвидени за овие проекти се потрошени до 2028 година, но резултатите не се на очекуваното ниво. Голем дел од инвестициите беа насочени кон проекти што сèуште не се целосно функционални, а стадионите и терените, кои требаше да бидат подобрени, сè уште не нудат соодветни услови за клубовите и фудбалерите.

Резултатите на „А“ репрезентацијата Омерагиќ ги истакна како светла точка во изминатите години.

Сепак, во овој период имавме и светла точка – нашата А репрезентација, која ни донесе гордост и докажа дека со тимска работа и верба во сопствените квалитети можеме да постигнеме големи резултати. Нивниот успех треба да биде поттик за подобрување на целиот фудбалски систем, од најмладите категории до највисокото ниво.

Но, наместо да се навраќаме на минатото, наша должност е да гледаме напред и да работиме на подобрување на состојбата. Веќе преземаме конкретни чекори:

• Финансиска ревизија на сите досегашни проекти, со цел да обезбедиме поголема транспарентност.

• Нова стратегија за инвестиции во инфраструктура, насочена кон реалните потреби на клубовите, а тоа се терени за тренинг и терени за натпревари, особено во Првата и Втората лига.

• Строг надзор над трошењето на средствата, за да се осигураме дека инвестициите одат во вистински проекти што ќе донесат долгорочни резултати.

Време е да поставиме нови стандарди во нашето работење. Нашата цел е да изградиме федерација што ќе биде стабилна, транспарентна и посветена на напредокот на македонскиот фудбал. Ова не е лесен процес, но е неопходен.

Пред нас е многу работа, но ве уверувам – федерацијата повеќе нема да биде симбол на неорганизираност, туку институција што ќе работи професионално и во интерес на македонскиот фудбал.Македонскиот фудбал го заслужува тоа“!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФЕКАЛИИ ИМ СЕ ВРАЌАЛЕ ДОМА ОТКАКО ИМ ЈА ЗАТНАЛ КАНАЛИЗАЦИЈАТА Општина Центар го санкционираше инвеститорот
Следна Статија Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Миках Парсонс и размената, а не Lions, ги чини Cowboys во нивната сезона

Иако можеби Lions го зададе последниот удар, годината на Dallas се сведе на врска во недела 4 против Green Bay…

December 6, 2025
СПОРТ

Прво засилување за „кралскиот клуб“: Дин Хујсен е новиот стопер на Реал Мадрид

Реал Мадрид официјално го објави потпишувањето на договор со шпанско-холандскиот дефанзивец Дин Хујсен, 20-годишен централен бек (роден во април 2005…

May 17, 2025
СПОРТ

Њујорк Метси го стекнаа Луис Роберт Јуниор во голема размена

Долгоочекуваната трговска размена на Луис Роберт Јуниор конечно се случи во MLB лигата.

January 22, 2026
СПОРТ

АЕК се огласи дека не излегле на терен бидејќи на навивачите не им дозволиле да дојдат во Скопје

АЕК на нивната официјална Фејсбук и интернет страница се огласи по повод мечот против Алкалоид кој вечерва не се одигра. Тие потврдија…

May 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?