Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОПЕК со симболично зголемување на производството, по излегувањето на Обединети Арапски Емирати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ОПЕК со симболично зголемување на производството, по излегувањето на Обединети Арапски Емирати
ЕКОНОМИЈА

ОПЕК со симболично зголемување на производството, по излегувањето на Обединети Арапски Емирати

Објавено May 3, 2026 17:38
Сподели
Сподели

Главните земји членки на ОПЕК и ОПЕК+ се договорија за скромно зголемување на квотите за производство на нафта за јуни, со цел да испратат сигнал за стабилност по ненадејното повлекување на Обединетите Арапски Емирати од организацијата, пренесе МИА.

Седум држави, меѓу кои Саудиска Арабија и Русија, ќе го зголемат дневното производство за околу 188.000 барели, одлучено на состанок одржан преку видеоконференција.

Според Блумберг, зголемувањето има повеќе симболичен карактер, особено во услови кога дел од земјите од Блискиот Исток се соочуваат со ограничувања во извозот поради затворениот поморски правец преку Ормуската Теснина.

Иако во официјалното соопштение не се споменува излегувањето на Обединетите Арапски Емирати, овој потег ги изненадил партнерите и ја ослабнал способноста на картелот да влијае врз глобалните цени, кои веќе се под притисок од зголемената конкуренција од Северна и Јужна Америка.

Излегувањето, кое стапи на сила на 1 мај, нема веднаш да влијае врз снабдувањето, но ќе ѝ овозможи на земјата самостојно да го зголемува производството без ограничувања, откако ќе се нормализира извозот.

Аналитичарите оценуваат дека ова претставува сериозен удар за организацијата и нејзиниот неформален лидер Саудиска Арабија, во време кога глобалниот енергетски пазар е веќе нарушен од конфликтите на Блискиот Исток.

ОПЕК, основана во 1960 година, обединува земји кои произведуваат повеќе од една третина од светската нафта, со цел стабилизација на пазарот и сигурно снабдување со енергенси.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВРЕДИ: Доаѓа 9 мај, денот на Конгресот на обединување
Следна Статија Светски ден на слободата на медиумите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Преговараме со 15 компании, очекуваме нова инвестиција од над 300 милиони евра

На денешното емитување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ насловен како Македонија повторно твоја гостуваше премиерот на Република Македонија и претседател на…

December 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Новиот Институт за извоз е добра можност Стопанските комори од регионот заедно да дискутираат за регионално поврзување, вмрежување и настап на нови пазари

Ценам дека како Влада секогаш сме биле, во овие месеци откако сме влада, а и претходно како опозиција, партнер на…

January 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

И мажите и жените да одат во пензија на 67 години, предлага Фискален совет

Во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија на 67-годишна возраст, и за мажите и за…

December 2, 2024

Трамп повикува Фени и Фреди да купат обврзници во вредност од 200 милијарди долари

Стратегија за поддршка на пазарот на недвижности и економска стабилност

January 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?