Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Општина Центар планира да спушти рампа за возилата во Дебар маало: Проектот би траел 6 месеци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Општина Центар планира да спушти рампа за возилата во Дебар маало: Проектот би траел 6 месеци
МАКЕДОНИЈА

Општина Центар планира да спушти рампа за возилата во Дебар маало: Проектот би траел 6 месеци

Објавено June 14, 2025 15:46
Сподели
Сподели

Дебар Маало наскоро може да стане тест-зона за нов сообраќаен режим. Општина Центар планира ограничување на движењето на возила за време на викендите, со цел да се зголеми безбедноста, редот и квалитетот на животот на жителите.

Проектот ќе се достави до Град Скопје и СВР Скопје за одобрување. Доколку биде прифатен, пилот-програмата ќе трае шест месеци, а во зависност од ефектите и реакциите на граѓаните, може да се продолжи за една година или да прерасне во трајно решение.

Затворена зона од петок до понеделник

Од петок во 18 часот до понеделник во 6 часот влезот ќе биде дозволен само за жители со дозвола. Другите возила ќе можат да влезат, но мора да излезат во рок од 15 минути – во спротивно следуваат казни. Ќе има транзитен сообраќај, но не и паркирање.

Општината планира поставување рампи со електронска контрола, како и безжичен систем со мобилна апликација или бесплатен телефонски број за отворање рампи за жителите. Паркирањето кај Орце Николов, Аминта III, Ленинова и 29 Ноември ќе биде дозволено за посетители.

Проектот ќе се спроведе во три фази

Во првата фаза ќе се воспостави контрола меѓу улиците Орце Николов, Климент Охридски, Партизанска и 29 Ноември, со ограничен влез и контрола преку рампи.

Втората фаза ќе го прошири режимот кон улиците 29 Ноември, Рузвелтова и Дане Крапчев, каде што ќе се постават нови рампи и дополнителна контрола.

Во третата фаза, проектот ќе се прошири кон делови околу Градскиот парк (т.н. Дебар Маало 2), со два затворени сообраќајни круга и нов режим.

Наместо хаос – урбана култура

Општината вели дека целта не е казнување, туку подобрување на квалитетот на живот. Доколку проектот се покаже како успешен, истиот модел би се применил и во други делови како Буњаковец и Капиштец.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од идеја до бизнис со помош на државата, Владата обезбеди 40 милиони евра
Следна Статија ВЛАДАТА ПЛАНИРА МЕРКИ ЗА ЦЕНИТЕ Ќе ги активира зависно од триковите на трговците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

УХМР најавува невреме со град

За утре метеоролозите велат дека времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но попладне ќе се појави услов за…

August 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Безбедноста во Тетово и регионот на највисоко ниво пред изборите

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, во рамки на редовните активности, денеска оствари работна посета на…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Живко Попов: Потребни се коренити реформи во научноистражувачката дејност и високото образование

Потребни се коренити реформи во научноистражувачката дејност и високото образование при што подигањето на нивниот квалитет мора да се сфатат…

October 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Крис Павловски на вечера разговараа за иднината на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски имал пријателска вечера со основачот и извршен директор на платформата Rumble, Крис Павловски, кој овие денови престојува…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?