Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан се слушна со Путин: Подготовките за средба во Будимпешта „продолжуваат со полна брзина“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан се слушна со Путин: Подготовките за средба во Будимпешта „продолжуваат со полна брзина“
СВЕТ

Орбан се слушна со Путин: Подготовките за средба во Будимпешта „продолжуваат со полна брзина“

Објавено October 17, 2025 16:45
Сподели
Сподели

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и оти подготовките за средба во Будимпешта помеѓу рускиот претседател и неговиот американски колега Доналд Трамп „продолжуваат со полна брзина“.

Орбан не наведе повеќе детали за телефонскиот разговор со Путин.

Кремљ соопшти дека Путин го информирал Орбан за неговиот разговор со американскиот претседател.

Претходно, Орбан изјави дека телефонски разговарал со Трамп.

Унгарија ќе гарантира, дека Путин ќе може да влезе во земјата за средбата со Трамп и оти потоа ќе може да се врати дома, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Меѓународниот кривичен суд има издадено налог за апсење на Путин, а Унгарија е во процес на повлекување од институцијата. Москва ги негира обвинувањата на Судот и го посочува налогот за апсење како доказ за непријателскиот став на Западот кон Русија.

Ќе се погрижиме тој да влезе во Унгарија, да има успешни преговори тука, а потоа да си оди дома. Нема потреба од никакви консултации со никого, ние сме суверена земја тука. Ќе го пречекаме (Путин) со почит, ќе го угостиме и ќе му обезбедиме услови за преговори со американскиот претседател, наведе Сијарто.

Во вчерашниот телефонски разговор Трамп и Путин се согласија за состанок на високо ниво на нивните делегации, по што двајцата треба да се сретнат во Будимпешта.

Претседателот Путин и јас ќе се сретнеме на договорена локација во Будимпешта за да видиме дали можеме да ја завршиме оваа неславна војна меѓу Русија и Украина, напиша Трамп на својот профил на „Трут соушл“ (Truth Social).

Односите на Унгарија и Украина изминатите месеци се тензични, бидејќи Орбан е против ЕУ да испраќа воена помош за Киев. Зеленски минатиот месец тврдеше дека унгарски беспилотни летала навлегле во украинскиот воздушен простор, на што Орбан одговори дека Украина не е независна суверена држава.

Унгарија, исто така, сè уште се потпира на руските резерви на гас и нафта, иако ЕУ се обидува да ги намали тие резерви до 2028 година, а Трамп ја повика Унијата да престане да увезува руска енергија.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Љутков: Со враќањето на Пчињското евангелие во Охрид сведочиме на победа на трудот, знаењето и љубовта кон културното наследство на својата земја
Следна Статија Во Европа, 95 милиони луѓе се во тешка сиромаштија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Стармер: Иднината на Гренланд е во рацете на Гренланд и Данска

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер денеска изјави дека никој друг освен Гренланд и Данска не треба да решаваат за…

January 5, 2026
СВЕТ

Синвар имал сеф со милиони во кеш, а жена му носела чанта „биркин“ од 32.000 долари

Под тлото на Газа бил изграден светол и удобен простор за живеење на 61-годишниот Синвар и на неговите чувари. Во…

October 21, 2024
СВЕТ

Уапсен висок полициски службеник во Шпанија: милиони евра скриени во ѕидовите на куќата

Шпанската полиција го уапси поранешниот висок полицаец Оскар Санчез Гил кога во ѕидовите и таваните на неговата куќа биле пронајдени…

November 13, 2024
СВЕТ

(Видео) Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Русија изврши серија напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа убиени и повредени неколку лица. Полска распореди…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?