Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Срамно е што процесот на зачленување на Македонија во ЕУ оди споро, за тоа одговорни се членките на Унијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Орбан: Срамно е што процесот на зачленување на Македонија во ЕУ оди споро, за тоа одговорни се членките на Унијата
МАКЕДОНИЈА

Орбан: Срамно е што процесот на зачленување на Македонија во ЕУ оди споро, за тоа одговорни се членките на Унијата

Објавено March 4, 2025 14:20
Сподели
Сподели

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, истакна дека посетата на македонската владина делегација на Унгарија се случува во важен момент кога три години живееме во сенката на војната.

Орбан истакна дека го информирал Мицкоски дека Унгарија ги поздравува преговорите меѓу САД и Русија и Унгарците се заинтересирани за успешен исход, како и дека имаат најдобри надежи за крај на војната.

Ние се караме со државите од ЕУ кои се пријатели и наши сојузници, но решија дека Украина мора да продолжи со војната. Според нас продолжување на војната е лошо, опасно и грешка. Во четврток за тоа ќе зборуваме во Брисел. Го поздравив фактот дека и во ОН се разговарало за одлуките за мир и таму Македонија и Унгарија имаат исто гледиште, ние го поддржавме американскиот предлог кој е прифатен од Советот на безбедност, рече Орбан на прес-конференцијата.

Унгарскиот премиер додаде дека при разговорите на делегациите големо внимание било посветено на прашањето на миграцијата, а Унгарија и е благодарна на Македонија за тоа дека чувајќи ја својата граница, им помагаат и на нив.

Орбан посочи дека го информирал Мицкоски дека Унгарија диктатот од ЕУ нема никогаш да го прифати и затоа мора да плаќаат казни.

-Можете да сметате на нашата поддршка во процесот на зачленување на Македонија во ЕУ, не само затоа што е срамно што овој процес споро оди напред, а за тоа не е одговорна Македонија туку ние членките на ЕУ. Покрај тоа ние нивното членство го поддржуваме, ЕУ мора да биде поконкурентна во светото и не гледам друго решение за подобрување на конкурентноста освен продолжување на процесот на проширувањето. Секое проширување досега и донесе добро на Европската Унија, истакна Орбан.

Трговската размена меѓу двете земји, посочи Орбан, постојано расте и е за седум пати зголемена.

-Македонија и Унгарија припаѓаат на иста економска регија, тука спаѓа и Србија. Ова е еден простор кој може да биде една заедничка зона, а соработката може да донесе огромен потенцијал, проблем е само тоа што ние сме во Унијата, а Македонија и Србија се надвор од неа. Затоа не можеме овој простор да го организираме како единствен економски простор.

Истакната била силна финансиска соработка меѓу двете земји, а унгарскиот премиер додаде дека се работи на потпишување на меѓувладина економска спогодба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинителството во Србија поднесе обвинение за падот на настрешницата
Следна Статија Орбан: Срамно е што процесот на зачленување на Македонија во ЕУ оди споро, за тоа одговорни се членките на Унијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ни Башановиќ не може да го спаси СДСМ

Колку и СДС и Венко Филипче да се обидуваат да ја сокријат кризата во која се наоѓаат, и повторно да…

March 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Неготино се прости од Фросина

На протест во Неготино, родниот град на 22-годишната Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на ул. „Партизанска“ во Скопје, попладнево…

January 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Медиумската писменост не е само вештина туку неопходност

Медиумската писменост не е само вештина, туку е неопходност за секој општествен чинител. Неформалното образование, јавни настани, работилници и семинари…

October 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Внимавајте: Поради магла е намалена видливоста на овие патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?