Средбите на министрите за надворешни работи се класифицирани информации и по закон не можат да се откријат. Ова денеска го изјави потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), поранешен шеф на дипломатијата и актуелен кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали имал средба со поранешниот премир и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Унгарија.
Тој не даде конкретен одговор на новинарското прашање, посочувајќи дека средбите на шефовите на дипломатиите се класифицирани информации и според закон не се откриваат.
„Средбите на министерот за надворешни работи се класифицирани средби и по закон не можат да бидат презентирани. Но, дури и да имало нешто вакво, тоа би било во рамките на функцијата министер за надворешни работи и тоа се класифицирани информации“,кажа тој.