Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анкета: Граѓаните со позитивно мислење за економска политика на власта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Анкета: Граѓаните со позитивно мислење за економска политика на власта
ПОЛИТИКА

Анкета: Граѓаните со позитивно мислење за економска политика на власта

Објавено September 28, 2025 09:18
Сподели
Сподели

Една третина од граѓаните сметаат дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ води подобра економска политика од СДСМ (9,1%), покажуваат резултатите на истражувањето на МКД.мк спроведено од агенцијата Маркет вижн од 9 до 21 септември.

На прашањето како би ја оцениле финансиската состојба на вашето домаќинство, една третина, односно 33,8% од испитаниците позитивно ја оцениле финансиската состојба на своето домаќинство, за разлика од 23,5% кои изјавиле дека финансиската состојба на нивното домаќинство е лоша.

Најголем дел од испитаниците (39,5%) очекуваат, во наредните 12 месеци, состојбата во земјата да биде непроменета, 31% имаат оптимистички очекувања, додека речиси 25% имаат песимистички очекувања.

Една третина од граѓаните (36,2%) немаат доверба ниту во владејачката партија ниту во опозицијата кога станува збор за водење на економска политика. Од останатите, три пати повеќе граѓани би ја довериле економската политика на ВМРО-ДПМНЕ отколку на СДСМ.

Во однос на актуелниот проект на Владата за доделување концесија за работа на нов мобилен оператор, две третини од граѓаните ја поддржуваат оваа одлука.

За скандалот со прислушувањето, најголем дел од испитаниците кои слушнале за овој случај веруваат дека одговорноста за оваа афера е кај опозициските партии СДСМ и ДУИ.

Анкетирањето беше спроведено од 9 до 21 септември со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Затворската казна за Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал
Следна Статија 18- годишната внука на Трамп почна свој бизнис- продава маици за 120 евра (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Младеновска: Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

Владата на Мцкоски систематски го унишутва пензискиот систем. Пари нема, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, а загрозен е…

June 28, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: За Скопје се приоритетни три столба, враќање на хигиената, завршување на сите започнати проекти и консолидирање на претпријатијата

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е…

August 24, 2025
ПОЛИТИКА

Уште два дена кампања за повторените локални избори во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Во недела на 11 јануари во земјава треба да се одржат повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше,…

January 8, 2026
ПОЛИТИКА

Лефков: Дамева, како и нејзини претходници се едни од виновниците за довербата во правосудството од 2%

На синоќешното гостување во емисијата „Објектив” на МТВ, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков говореше за оставката…

December 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?