Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Откупот на пченицата за стоковните резерви ја зголеми цената за еден денар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Откупот на пченицата за стоковните резерви ја зголеми цената за еден денар
ЕКОНОМИЈА

Откупот на пченицата за стоковните резерви ја зголеми цената за еден денар

Објавено August 26, 2025 18:14
Сподели
Сподели

Откупот на пченицата за стоковните резерви предизвика зголемување на цената на лебното зрно за еден денар. Потпреседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека одредени млинови почнале да ја откупуваат пченицата по 13 денари, колку што изнесува и цената за откуп за стоковните резерви.

-Претходно пченицата беше по 12 денари. Но, таа цена беше за прва класа. Оваа година, бидејќи беше многу сушна, мислиме дека пченицата повеќе се користи и за исхрана на стоката. Во доволни количини нема мумуруска, пченка, нема и тоа во Македонија, Србија и во сите околни држави. Заради сушата многу е намалено производството на мумуруската и за таа сметка ќе биде дополнета со пченицата, изјави Сарафимов.

Според него, прв пат се откупува пченица за стоковните резерви од индивидуалните земјоделци кои можат да предадат од 5 до 30 тони лебно зрно за стоковните резерви. Сарафимов очекува наредната година откупот на пченицата да биде порано, како што им ветиле од ресорното Министерство. Смета дека со ова ќе бидат и подобри цените за откуп на житните култури.

-Првпат се откупува пченица за стоковните резерви, порано можеше да биде и од друга држава. Првпат се откупува директно од индивидуалните производители, а истото ќе биде и со откупот на оризовата арпа за стоковните резерви, ќе се откупа за првпат, вели Сарафимов.

Според евиденцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостапанство годинава под пченица била засеани 70 000 хектари, а проценките се дека се произведени 280 000 до 300.000 тони пченица со што ќе се задоволат домашните потреби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВРЕДИ до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи
Следна Статија Продолжува силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ДЗС: Трошоците за живот во ноември на годишно ниво пораснале за повеќе од четири проценти

Трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4.3 отсто, а цените на…

December 10, 2024
ЕКОНОМИЈА

Јанкуловски: Мерката за намалување на ДДВ не е задоцнета

Мерката за намалување на ДДВ од 18% на 10% на нафтените деривати не е задоцнета и со тоа го штитиме…

March 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Рафуна и Азески разговараа за нормализирање на протокот на прехранбени производи на македонско-косовската граница

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во…

May 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема договор за минималец од 500 евра

Прашањето за минимална плата од 500 евра и за усогласување на останатите плати било отворено на седницата на Економско-социјалниот совет…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?