Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Отфрлена тужбата на Левица против АВМУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Отфрлена тужбата на Левица против АВМУ
МАКЕДОНИЈА

Отфрлена тужбата на Левица против АВМУ

Објавено October 9, 2025 16:04
Сподели
Сподели

Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица со која политичката партија побара поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на 26 септември годинава.

„Тужбата на тужителот Политичка партија ‘Левица’ од Скопје, за поништување на Упатство за радиодифузерите за локалните избори 2025 година под бр.01-4137/1 од 26.09.2025 година, на ААВМУ-Скопје, се отфрла“,наведуваат од Управниот суд во судското решение.

Во образложението за пресудата, од Управниот суд наведуваат дека согласно позитивните законски одредби, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е самостојно и независно регулаторно тело, a директорот на самостојниот орган на државната управа може да носи правилници, решенија, наредби, упатства и други видови акти за извршување на законите и други прописи, кога за тоа е овластен со закон.

Во однос на самото упатство, Судот посочува дека не се работи за поединечен, туку за општ акт со кој се даваат насоки и толкувања за примена на законски одредби, во конкретниот случај одредбите од Изборниот законик.

„…Произлегува дека за да може еден управен акт да биде предмет на управен спор, треба да се исполнети повеќе услови – истиот пред сè треба да биде индивидувален, конкретен, а не општ акт на управата, тој акт да е донесен во некоја управна постапка со која се решава за права и обврски на поединец или правно лице, да ги има особините на управен акт и да е конечен во управната постапка“,се додава во решението на Управниот суд.

Во овој контекст се додава дека Судот оценил дека не станува збор за управен акт против кој може да се води управен спор, туку претставува општ акт донесен врз основа на законски овластувања на органот, поради што тужбата на Левица се отфрла како недозволена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Османи тврди дека напролет ќе има предвремени парламентарни избор
Следна Статија Таравари: Потребен е нов историски договор меѓу Албанците и Македонците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Иван Џолев, претседателот на Кривичен суд избран за судија во Апелациониот суд Скопје

Судскиот Совет денеска го избра Иван Џолев, претседател на Основен Кривичен суд Скопје, за судија на Апелациониот суд Скопје. Покрај…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утрата ќе бидат ладни, а дневните температури во пораст

Под влијание на стабилна воздушна маса, во наредните денови не очекува суво и стабилно време. Како што прогнозира Управата за…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Крис Павловски: Македонија може да биде Швајцарија на Балканот, фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет

Има многу можности за инвестирање во Македонија, земјата може да биде Швајцарија на Балканот. Фокусирајте се на енергија, на вештачка…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес се празнува Свети Лука – светецот кој ја лекува душата

Денес, 31 октомври, православната црква слави празник посветен на Светиот апостол Лука. Свети Лука беше еден од 12-те апостоли Христови…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?