Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
ЕКОНОМИЈА

Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”

Објавено July 19, 2025 11:46
Сподели
Сподели

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство официјално ја започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”, која има за цел да го зајакне домашното земјоделско производство и да ја подигне свеста за квалитетот на македонските земјоделски производи.

Како што соошпшти Министерството, главни цели на кампањата „Македонско Најдобро” се: зголемување и зајакнување на домашното земјоделско производство; обезбедување просперитет на руралните средини; подигнување на свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните производи; обезбедување полесен пристап на граѓаните до домашните земјоделски производи и преработки од истите.

-Изработена е дигитална платформа makedonskonajdobro.mk преку која се овозможува: за земјоделците: Регистрација и промоција на свежи земјоделски производи; за преработувачите: Презентација на автентични македонски преработки; за продажните центри: Регистрација на геолокации на продажни места, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека платформата содржи интерактивна мапа „Каде да купам” која преку автоматска геолокација им помага на граѓаните да ги пронајдат најблиските продажни места за домашни земјоделски производи и преработки, со можност за филтрирање по категорија или специфичен производ.

Најавуваат дека во скоро време ќе се објави и посебна мобилна апликација која ќе овозможи уште полесен пристап до информации за домашните земјоделски производи и преработки.

-Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува сите заинтересирани земјоделци, преработувачи и продажни центри да се регистрираат на платформата makedonskonajdobro.mk и да станат дел од оваа значајна иницијатива. Со избирање на македонски производ, не избираме само храна или продукт – туку директно инвестираме во нашата економија, создаваме нови работни места и ја зајакнуваме стабилноста на нашата земја, се наведува во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Мицкоски: Една година за тебе, доаѓа времето на Македонија!
Следна Статија Куртоа го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2027 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Очекувам над 85 % реализација на капиталните расходи годинава, ни претстои силен економски раст

Реализацијата на капиталните расходи оваа година ги проектираме на над 85 % за што сметаме дека ќе ја засили економијата…

January 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јапонска 40-годишна државна обврзница достигнува рекордни 4% по прв пат

Приносот на 40-годишната јапонска државна обврзница достигна 4%, највисоко ниво откако е воведена во 2007 година, што претставува историски момент…

January 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Над 860 илјади граѓани добија однапред пополнети даночни пријави за 2025 година

Управата за јавни приходи информира дека за 2025 година се генерирани вкупно 862.896 однапред пополнети годишни даночни пријави (ДЛД-ГДП), во…

May 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Петрова: Даноците се собираат според планот

Полнењето на буџетот е стабилно и сосема е извесно дека годината ќе ја завршиме со исполнување на планот, бидејќи до…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?