Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Охрид SOS алармира: И депонии за опасен отпад ќе се прават само со потпис на градоначалник и министер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Охрид SOS алармира: И депонии за опасен отпад ќе се прават само со потпис на градоначалник и министер
МАКЕДОНИЈА

Охрид SOS алармира: И депонии за опасен отпад ќе се прават само со потпис на градоначалник и министер

Објавено August 18, 2025 18:17
Сподели
Сподели

Граѓанската иницијатива Охрид SOS алармира дека зад јавната расправа за наводен урбанистички проект организирана од Министерството за транспорт се крие легализирана експлоатација на земјоделско, шумско и крајбрежно земјиште.

Фотоволтаични фарми, мали хидроцентрали и депонии за опасен отпад се предвидуваат со урбанистички проект, а не со урбанистички план! Урбанистичкиот проект вон опфат, како урбанистичко – планска категорија, го сметаме за тежок упад во урбанистичкото планирање и за бришење на јавниот интерес со потпис од градоначалник и министер, а предлог-измените не се во насока на корекција, туку на уште поголеми отстапки.

Да појасниме, зад овој концепт се крие легализирана експлоатација на земјоделско, шумско и крајбрежно земјиште. Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план ова земјиште го претвора во градежно без да се помине целата процедура на урбанистички план што опфаќа вклучување на јавноста на неколку начина: преку јавна анкета, преку партиципативното тело и преку Советот како претставничко тело на граѓаните. Урбанистички проект вон опфат поминува само со потпис од градоначалникот или министерот, зависно дали е од локално или државно значење. Со кое право?!

Правилникот е таков уште откако првпат е донесен во оваа верзија во 2020 година. Со најновите измени на член 58 став (3), се додава точка 15 со што со урбанистички проект вон опфат на урбанистички план меѓу другото се уредуваат и „други градби од државно и локално значење од групите на класи на намени В, Г, Д и Е што ги задоволуваат условите за поединечни градби, односно групи на градби и инфраструктурни градби вон населени места“.

Она што фрапира е што точка 15 постоела во член 58 на правилникот од неговото донесување во 2020 година сè до 17.7.2025 година кога била отстранета. Единствена разлика е што во претходната верзија беа опфатени и градбите од класите А и Б. Дали се работи за несмасно отстранета точка пред еден месец, па сега треба да се врати назад или за нешто друго?

Ако Министерството за транспорт имало намера со измените да ги елиминира штетните последици од оваа можност во правилникот, тогаш мора комплетно да ги преработи измените и целосно да ја елиминира опасноста, меѓу другото, фотоволтаични фарми, мали хидроцентрали, гасоводи, нафтоводи, депонии за неопасен и ОПАСЕН отпад да може да се прават со урбанистички проект.

Се чини добро е што градбите од А и Б класа се тргаат, но тоа е само привидно, бидејќи во точка 8 од истиот став се опфатени хотели и мотели и во точка 5  „гостилници и ресторани“. Тоа значи дека овие објекти ќе можат да се градат со урбанистичка документација надвор од населени места без процедура на јавност по скратена постапка.  Ако Министерството за транспорт навистина сака да ги исклучи комерцијалните објекти од скратени постапки, мора да ги тргне хотелите, гостилниците и рестораните.

Ако е навистина разбирливо за нешто како селски стопански двор, инфраструктурни водови, планинарски домови, антени и мерни станици да се предвидуваат со урбанистички проекти, тогаш воопшто не е разбирливо како Фотоволтаични фарми, мали хидроцентрали и депонии за опасен отпад се предвидуваат со урбанистички проект, а не со урбанистички план!

Со урбанистички проект вон опфат на урбанистички план можат да се уредуваат планско-проектни услови за градба на градбите од став (3) на овој член, само доколку е тоа дозволено со просторните планови од повисоко ниво на планирање, односно не е во спротивност со режимот на заштита кое за конкретното подрачје е пропишано со други закони, прописи, одлуки и акти за заштита. Тоа значи дека овие урбанистички проекти ќе се носат на база на просторни планови.

Имајќи предвид дека немаме ни закон за просторно планирање ни просторни планови, или пак се со многу стар датум (кога сте чуле да е донесен некој просторен план?), стари терминологии, тотално непрецизни, не смее да се користи нивната недореченост за на мала врата да се предвидуваат мали хидроелектрани, фотоволтаични централи, ветерници, како и депонии по скратена постапка без учество на јавноста!

Како тоа за вакви зафати да нема економска оправданост да се носи урбанистички план?Начело на урбанистичкото планирање е „јавност, инклузивност и партиципативност во постапката за изработување, донесување и спроведување на плановите“, не е економската оправданост.

Цели на урбанистичкото планирање се:

– рационално уредување и користење на просторот со зачувување на просторните ресурси, капацитети и природни добра;

– одржлив просторен развој обезбеден со разумно користење на просторот и заштита на природата, природните добра и животната средина и превенција на загадувањето и деградацијата на околината;

– сочувување на квалитетот и унапредување на животната средина и природата, природното наследство и добра, со ефикасни мерки за обезбедување на здрава животна средина и мерки за намалување на ризиците и последиците од природни непогоди;

Никаде не е цел економски заштеди за инвеститорот во мали електрани, за сметка на деградација на животната средина.Замислете за сите мали хидроелектрани да беше прашана јавноста пред да се изградат. Веројатно немаше да ги има.

Од стотици намени кои ги има во правилникот, некои намени се привилегирани со скратени постапки како да се работи за врвен „јавен“ интерес. Затоа, со измените на Правилникот за урбанистичко планирање, не само што точка 15 не смее да се врати, туку мора да се исфрлат и комерцијалните објекти како што се хотелите и рестораните и градбите за производство на енергија.

Не смееме да молчиме додека тивко ни ги одземаат животот, здравјето, иднината. Ние нема. Ни ти не треба, порачуваат од Охрид SOS.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еве кои се пријавените кандидати за претседател на ДКСК, вкупно се 13
Следна Статија Независната кандидатка Билјана Ивановска утре ќе оди на распит во Обвинителството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Синдикат на полиција: Зошто ОЈОГОКК молчи за кривично дело над 25 милиони евра сторено од поранешниот министер Спасовски?

Денес сме пред ОЈОГОКК, по не знаеме кој пат да потсетиме за основната обврска што ја има оваа институција, а…

May 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Родители на починатите во пожарот во Кочани бараат појаснување на обвинението

Родители на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани ќе достават писмено барање за…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пратениците се вратија од одмор

Годишниот одмор за пратениците официјално заврши. Работата на законодавниот дом започнува денеска со средба на претседателот на Собранието Африм Гаши…

August 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Препораки од ИЈЗ за граѓаните за најавениот прекин на вода во Скопје

Институтот за јавно здравје на Македонија (ИЈЗ) издаде препораки за граѓаните во врска со најавениот недостиг на вода во наредниот…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?