Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОЈО: Арсовска мора да пријави ако има сознанија за кривично дело и да посочи на кои локации во Чаир се сомнева за незаконитости
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ОЈО: Арсовска мора да пријави ако има сознанија за кривично дело и да посочи на кои локации во Чаир се сомнева за незаконитости
МАКЕДОНИЈА

ОЈО: Арсовска мора да пријави ако има сознанија за кривично дело и да посочи на кои локации во Чаир се сомнева за незаконитости

Објавено May 31, 2025 13:14
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по доставено известување од СВР Скопје и издаде повеќе наредби по кои веќе се преземаат дејствија, информираат од Обвинителството во врска со тоа дали досега јавен обвинител обезбедил докази од општина Чаир поврзани со наводите на скопската градоначалничка Данела Арсовска. 

– Доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска тоа да го пријави, да соработува со јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се откриени сомненија за незаконитости. Тоа е неопходно за да може да постапува обвинителството и да спречи евентуално компромитирање на доказниот материјал, соопштуваат од Обвинителството. 

Во однос на заканите, посочуваат од Обвинителството, Министерството за внатрешни работи е орган директно надлежен за заштита на животот на граѓаните, како и за откривање и спречување на тие што го загрозуваат.

– ОЈО Скопје е на располагање преку дежурен јавен обвинител, веднаш без одлагање, доколку сака градоначалничката, да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани и да ги провери сите околности, наведуваат од обвинителството. 

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го обвинува градоначалникот на Чаир Висар Ганиу за кримина и за легализација на дивоградби, а синоќа во телевизиско интервју рече дека добива и закани по живот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поранешен бугарски политичар бара воведување санкции за Македонија
Следна Статија Бугарите протестираат против еврото: „Се качуваме на Титаник, ќе станеме уште посиромашни“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Апел за рационална и одговорна употреба на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стојанов кој има забрана за влез во Македонија повторно најавува чествување на Мара Бунева во Скопје

Виктор Стојанов претседателот на Фондацијата Македонија кој има забрана за влез во Македонија повикува на панихида за Мара Бунева в…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска упати честитки до Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД. -Срдечни честитки по…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ денес го продолжи маршот од Зубовце, Тумчевиште и Гостивар

Коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на Црешовото Топче“ денес го продолжи коњичкиот марш од Зубовце, Тумчевиште и Гостивар по патеките…

July 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?