Падна платниот промет во евра во цела ЕУ

- Advertisement -

Платниот промет во евра во целата Европска Унија (ЕУ) падна попладнево. Моментно, поради технички проблеми, е оневозможен системот кој дневно обработува трансакции во вредност од 1.900 милијарди евра.

Европската централна банка објави дека прекинот влијаел врз комуникациските канали на неговата паневропска платформа TARGET 2 Securities или Т2S. Од таму додаваат дека сервисот T2S, клучен дел од TARGET составот за плаќање во ЕУ, има проблеми кои влијаат на обработката на трансакции меѓу апликацијата и пристапот на корисниците до апликацијата додека ECONS II и натаму е отворен за многу критични уплати за кои треба да се координира со соодветната централна банка.

За продолжување на операциите на T2S наведуваат дека е потребно пренос на секундарна локација. Се очекува тоа да заврши во рамки на еден час, по што ќе продолжат и нормалните операции.

Сподели ја оваа статија