Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Памер: Македонија ја има најдобрата реформска агенда во Западен Балкан и најдобро ја спроведува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Памер: Македонија ја има најдобрата реформска агенда во Западен Балкан и најдобро ја спроведува
МАКЕДОНИЈА

Памер: Македонија ја има најдобрата реформска агенда во Западен Балкан и најдобро ја спроведува

Објавено May 10, 2025 18:01
Сподели
Сподели

Македонија ја испорачува најдобрата реформска агенда во Западен Балкан, оценува австрискиот амбасадор Мартин Памер. Според него граѓаните треба да бидат оптимисти, бидејќи Владата посветено работела на евроинтеграциите. Од конференцијата на Академијата за европска интеграција именувана „Патот на Макеодонија до ЕУ: Предизвици и можности“ Памер кажа дека Македонија веќе оди кон Унијата, трае скриниг процесот, следно е одржувањето на втората меѓувладина конференција, со што би започнал преговарачкиот процес. Очекува уставните измени да се спроведат во услови на добра волја.

-Македонија беше првата држава од Западен Балкан што ја испорача реформската агенда за планот за раст на Западен Балкан и тоа всушност беше најдобриот план. Тој е сеопфатен добро развиен, што ниту една земја во регионот досега не успеа да дојде до тоа, изјави Памер.

Македонската Влада е подготвена да го вложи целокупниот човечки и институцинален потенцијал за да стане дел од европското семејство, но дека веќе сме изморени од ветувања и условувања преку кои не се поминува, порача заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков. Вели и дека активно се работи на спроведување на реформската агенда, а тоа го покажуваат и финансиските средства кои ги добиваме од Европската Унија за спроведените реформи.

-Ние посветено работиме на европската агенда, односно Европската унија е единствениот стратешки пат кои што ние треба да го изодиме, затоа сме доста посветени не само како Министерство за европски прашања, туку и останатие институции, за да ја реализираме реформската агенда. Она што е многу важно е дека досега добро напредуваме, тоа ги покажа и оние транши кои ги добивме по реализацијата на одредени реформи, изјави Трајков.

Внатрешните реформи пред се во владеењето на правото се меѓу најважните за еворпскиот напредок, порача основачот и претседате на Меѓународниот одбор на Академијата за европска интеграција, Габриел Лански

-Треба да се фокусираме на можностите и треба да се обидеме тешката работа да ја направиме возможна, дека вашето место е во Европа, во Европската Унија и дека тоа нема да е бенефит само за вашата земја, туку бенефит и за Европската Унија да ве има во клубот, изјави Лански.

Пречка на патот на Македонија кон ЕУ во мометнов се Бугарските условувања. Ставот на македонската Влада во однос на овој спор е јасен, уставни измени се прифатливи со одложено дејство, односно при ратификацијата на членството во ЕУ, со цел да се спречат можни уцени од Софија низ преговарачкиот процес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Истрага против турски државјанин за обид убиство во Скопје: Со метален капак од шахта го удирал оштетениот во глава
Следна Статија Во Калиманско езеро пронајденот телото на жена која беше пријавена за исчезната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На 19 ноември почнува судењето за пожарот во Кочани

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а беа повредени околу 200,…

November 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Финансиска полиција истражува кои предмети се чувале во фиока

Како институција мораме да направиме се за да нема повеќе чување на предмети во фиоки, истакнува новиот в.д. директор на…

December 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Од Охрид почна промоцијата на порталот на кој ќе има 200 електронски услуги за граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска беше присутен во Охрид, каде што го означи почетокот на кампањата за промоција…

August 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Инспекторатот за животна средина вели дека Усје не загадува

До 20 декември 2025 година се реализирани 1700 инспекциски надзори за амбиентален воздух, од кои 839 редовни, 532 вонредни и…

January 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?