Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Паника на бензинските пумпи низ Европа: Во Словенија, возачите користат апликација за да видат каде има гориво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Паника на бензинските пумпи низ Европа: Во Словенија, возачите користат апликација за да видат каде има гориво
ЕКОНОМИЈА

Паника на бензинските пумпи низ Европа: Во Словенија, возачите користат апликација за да видат каде има гориво

Објавено March 21, 2026 16:21
Сподели
Сподели

Прекините на пазарот на нафта  во последните денови сè повеќе ги погодуваат европските возачи, а сликите од бензинските пумпи во Словенија и Велика Британија покажуваат колку брзо стравот од недостиг може да се претвори во секојдневен хаос, објавува Еуроњуз.

Во Словенија, на некои пумпи им снема бензин, дизел и масло за греење, па граѓаните почнаа да се потпираат на апликацијата „Kje je goribo“ (Каде е горивото) за да не ги посетуваат станиците каде што резервоарите се веќе празни.

Во Велика Британија, иако властите повторуваат дека нема општи недостатоци, на социјалните мрежи се појавија снимки од наводно долги редици и панично купување, што покажува дека голем дел од јавноста не им верува на пораките.

Во Словенија, недостигот прво беше видлив преку повременото празнење на пумпите и долгите редици, особено по корекции на цените и зголемената побарувачка. Телевизијата 24ur известува дека имало ограничувања за полнење на неколку пумпи, дека возачите биле лути поради редовите и дека на некои места дури и горивото снемало, додека дополнителен притисок предизвикале и гужвите на пумпите по границата.

Во моментот кога започнуваат пролетните работи, словенечките земјоделци предупредија дека има недостиг од гориво за трактори и друга механизација на бројни пумпи.

Во позадина на сè е силниот раст на цените на енергијата на светскиот пазар. Ројтерс известува дека владите ширум светот воведуваат мерки за заштита на граѓаните од нагло зголемување на трошоците за енергија предизвикани од војната против Иран.

Во Велика Британија, според податоците објавени од Гардијан, повикувајќи се на RAC, цените на бензинот се зголемиле за околу девет проценти од почетокот на кризата, а дизелот за околу 17 проценти, со проценки дека просечната цена на литар бензин би можела да достигне 150 пени до Велигден.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучиќ и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче
Следна Статија Захарова: Германија го води народот до раб на бездната, нивните компании банкротираат на секои 20 минути

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

За стабилен систем за 1 Мај, МЕПСО може да исклучува фотоволтаици

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа…

April 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трајко Славески е предлогот за нов гувернер

Професорот Трајко Славески за гувернер на Народната банка – е изборот на претседателката Гордана Силјановска Давкова Ве информираме дека претседателката…

May 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

ССМ напладне ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите

Сојузот на синдикати денеска напладне ќе ја реализира втората од најавените три блокади барајќи зголемување на минималната плата на 600…

February 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

Договорени дирекна авиолинија Анкара – Скопје

Македонија и Турција постигнаа договор за воспоставување директна авиолинија меѓу Анкара и Скопје, како и за унапредување на железничкото карго…

June 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?